Во неделата после Богојавление, кога се слави споменот на св.мч-ца Татјана и иконата на Богородица – Млекохранителка, во манастирот на свети Прохор Пчински се отслужи света Архиерејска Богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г.Петар. Мноштво верни се собраа заедно да се помолат со својот Владика и да се причестат со светите Тајни Христови.
Во беседата од Неделното Евангелие, Владиката Петар им се обрати на својата паства правејќи компарација со телесно слепите луѓе, кои заради својот хендикеп не можат да ја видат светлината и убавината на овој свет. Така и духовно слепите не можат да ја видат духовната Светлина, која е Словото Божјо, односно Самиот Бог, Господ Исус Христос, и духовните убавини на царството Божјо, кое им се дава на духовно очистените и просветлените за да ги видат во своето срце.
После Богослужбата се освети манастирското гравче и имаше Македонски пикник по повод славата на манастирот.
XXXI Sunday after Pentecost
On Sunday following The End of Epiphany, the faithful gathered together at Saint Prohor Pchinski monastery to commemorate Holy Martyr St. Tatiana and the icon of Bogoroditza Mlekohranitelka. The Divine Liturgy was served by His Eminence Bishop Petar.
Many of the faithful gathered together to pray with their Bishop and to receive Holy Communion with the Holy Mysteries of Christ.
In the sermon, that followed the Gospel reading, Bishop Petar enlightened his pastoral flock by drawing comparisons with bodily blind, who because of their handicap cannot see the light and beauty of this world. He instructed the parishioners that if we are spiritually blind, then we are unable to see the spiritual light, which is the Word of God, the One God, Lord Jesus Christ and the spiritual beauty of the kingdom of God, which is given to us for our spiritual cleansing and the ability to see within the heart.
Извор: манастир на св. Прохор Пчински, Донибрук, Австралија
Посети: {moshits}