Американко Здружение на Иконописци
Деновиве е формирано Американско Се - Православно Здружение на Иконописците (Pan Orthodox Iconographers Association America) кое всушност ги обединува 100-на најдобрите иконописци од Америка. Ова здружение ги приклучува иконописците од Канада и Обединетото Кралство со тенденција на понатамошно шириње и претендира да постане најголема иконографска асоцијација во светот.
Промоција на Веб – страницата и првата јавна презентација ќе се одржи на 8 март во Неделата на Православието во Темпа Баѕ, Флорида.
Целта на оваа здружение да ги заштити православните иконографски стандарди и квалитети од дилетантските кичасти декорации и нелојалната конкуренција. Здружението ќе обавува пред се едукативна дејност, преку предавања, семинари и изложби да ги негува и афирмира традиционалните православни зографски техники и сознанија.
Оснивач на ова здружение и негов прв председател е реномираниот американски иконописец од грчко потекло Илиас Дамјанакис.
Покрај него скоро една третина од членовите се американски грци.
Тие без резервно го прифатија членството на студиото АРТСОМЕ на македонските иконописци Маре и Глигор Стефанови од Канада, уврстувајќи го Глигор во категоријата Мајстор (Master
нивното припаѓанње на Македонската Православна Црква, што највероватно ќе биде жешка тема на наредното членско собрание.
За повеќе информации и аплицирање за членство можете да ја посетите веб-страницата на ова асоцијација www.poiaa.org
Известува Г. С.