Во параклисот на Марков манастир, с. Маркова Сушица (скопско)
Денес, на 11 март 2009 година, восреда од втората седмица на Светиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на свети Порфириј, епископ Гаски и светиот маченик Јован Калф, отец Горан ослужи Литургија на Претходноосветени дарови во параклисот на св.апостол и евангелист Марко, во Марков манастир (скопско).
Кога овцата Те виде Тебе- јагнето, Христе, како висиш на крстот меѓу разбојници, солзејќи викаше и горчливо редеше: Каква е оваа чудна глетка, мило мое Чедо! А Ти и одговори: Мајко Пречиста, оваа глетка треба да го открие чивотот на целата вселена.
СРЕДА ОД ВТОРАТА НЕДЕЛА ОД ПОСТОТ
Посети: {moshits}