Со какви благопохвални песни да го воспееме јерархот, трубата на богословието, со оган огновдахновената уста на благодатта, чесното прибежиште на Духот, непоклатниот столб на Црквата, големиот украс на вселената, реката на премудроста, светилникот на Светлината, јасната ѕвезда којашто тварта ја просветлува?
Со какви цветови од песни да го овенчаме јерархот, поборникот за благочестие, и противникот на нечестие, топлиот бранител на верата, големиот наставник и учител, прекрасната флејта на Духот, златносветлиот јазик, изворот кој на верните им точи исцеление, великиот и достоен за восхит Григорија?
Тропар , глас 8.
На православието светилнику, на Црквата тврдино и учителу, на монасите украсу, на богословите непобедлив заштитнику, Григорие чудотворче, солунска похвало, на благодатта проповеднику, моли се секогаш да се спасат душите наши.
Со какви усни ние родениете на земјата да го похвалиме јерархот, учителот на Црквата, на божествената светлина проповедникот, неботајникот на Троица, големиот украс на монасите, кој засветли со дела и созерцанија, солунската похвала, која за сограѓанин го има Мироточивиот, на небесата божествениот и пречудниот Димитрија?
Слава: глас 6: Преподобен, преблажен, најсвет оче, пастиру добар, и на Архипастирот Христа ученику, кој душата си ја положи за овците: самиот ти, и сега, оче наш Григорие, испроси, по твоите молитви, да ни дарува милост голема.(од ПОСНИОТ ТРИОД )
Во втора недела од Велигденските Пости, посветена на свети Григориј Палама, на 15. 03. 2009 година, кога Светата Црква го слави споменот на свети свештеномаченик Теодот епископ Киринејски и преподобен Агатон, во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.
По Литургијата:
Свештенството во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица, во иднина, на секое новокрстено чедо Божјо, ќе му подари икона на Мајка Божја.
Посети: {moshits}