логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Lit.Ksenofon.jpg


 

nedela.voBogorodica.jpg

Македонска Православна Црква
Храм „Рожденство на Пресвета Богородица" Скопје


Благочестиви христијани
Драги браќа и сестри !

На сите вам ви е познато дека возобновениот храм „Рожденство на Пресвета Богородица" во Скопје, од 21.09.2008 година, отпочна со редовни богослужби, како и со венчавки, крштевки, помени и сите други молитвени потреби за верниците. Бидејќи сме во деновите на Великите пости, овој пат би сакале накусо да ве информираме за една многу значајна, содржајна и свечена служба посветена на Мајката Божја, поточно за

А к а т и с т
на
Пресвета Богородица

Акатистот се богослужи во првите пет петоци од велигденските пости со почеток во 17 часот. Тоа е долга поетска благодарствена композиција испеана во чест на Пресвета Богородица - по повод чудесното ослободување на Константинопол од една инвазија на Персијците и Аварите во 626 година, со помош на Мајката Божја.
Самото име Акатист преведено на наш јазик значи „не седи"! Со други зборови, додека се служи Акатистот сите присутни во храмот стојат, освен верниците со посебни потреби болните, изнемоштените. Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан. Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! - кое во превод значи: ХВАЛЕТЕ ГО ТОСПОДА. А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радувај се, Невесто Неневестина!
Црквата препорачува секоја домаќинка да ги посетува овие акатисти или ако не сите барем на еден од нив да појде во храмов божји, за да подигне петолебие, а за тој чин, домаќинките треба да го направат следното:
- Да замесат пет мали лепчиња, три свеќи и список за својте домашни и блиски за здравје. Треба и малку пченица и вино, но не е неопходно, бидејќи тоа го има црквата. Во списокот за здравје на домашните и блиските може посебно да се нагласи името за кого се принесуваат даровите и за кого се прави службата, бидејќи по Благодарствениот канон кон Пресвета Богородица се креваат петолебијата. По извршениот чин, домаќинката си зема едно лепче кое го носи дома и го јаде со домашните истата вечер. Оние, пак што не ќе можат да донесат дарови, тогаш нека си ги запишат само имињата кај свештеникот кој ги запишува имињата на влезот во храмот, за истите да се спомнат на чинот на „Петолебието" и пред иконата на Мајката Божја.
Во Скопје има обичај да се посетат повеќе цркви и скоро во секоја од нив да се направи петолебие. Но се разбира, дека посетата на Богородичниот храм кој половина век не постоеше, а конечно се возобнови со Божја помош и на верниците, на Божјата Мајка ќе и се направи особена чест, ако се напр.ави посетата токму на нејзиниот храм, ЗАШТО ТАА Е ЗАШТИТНИЧКА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ И СКОПЈАНИ.

Возљубени во господа,
bogorodica.odigitrija.jpgОваа свечена композиција е напишана од цариградскиот патријарх Сергеј, а поводот е чудесното ослободување или спасување на градот од Аварите и Персијците кои со огромен број војници го опколиле Цариград и малку недостасувало да навлезат во него и да направат пустош. Кога го виделе тоа световната и црковната власт на чело со царот Ираклиј и партијархот Сергеј, ја побарале сигурната и вистинска помош, а тоа е помошта на Мајката Божја која била покровителка и заштитничка на Цариград. Во одбраната на својот град одговорните го направилое следното: Од Влахерската богородична црква, ја земале неракотворната и чудотворна икона „Одигитрија", потоа Богородичната риза и дел од чесниот Крст Господов. Со овие свети реликвии во литијна процесија, патријархот, царот и верниот побожен и исплашен народ, но со силна вера, длабоко смирение и надеж во Господа и Мајката Божја двапати поминале околу морето и на вториот пат Богородичната риза ја потопиле во цариградските води кога настанале и силни бранови та сета непријателска војска била потопена, а градот и неговите светилишта заедно со верниот народ биле избавени од злото. Тогаш патријархот со царската свита и со сите верници, како што тоа обично станува, по еден таков настан, се упатиле во Влахернската црква да отслужат благодарствен молебен, да му благодарат на Господ Бог и Неговата Мајка за помошта и избавувањето од непријателите, при што патријархот Сергеј, инспириран од Светиот Дух, ја испеал прекрасната копозиција. Оттогаш еве полни 1400 години истата се богослужи во светите православни храмови, а верниците се поклонуваат пред Мајката Божја благодарејќи и за нејзиното застапништво и и се молат: Мајките за својте домаќини и чеда, момите за среќно задомување, бабите за внучињата. Или особено за оние кои го загубиле компасот на вистинскиот христијански живот - дозволувајќи си да станат зависници, прељубодејци, среброљубци ...
Божјата Мајка, браќа и сестри, има лек за секого од нив и од нас! Секој кој искрено ќе се покае и со вера и надеж ќе и се помоли неговата молитва ќе биде услишена и исполнета. Нема молитва која не може да биде исполнета, освен оние што не се во согласност со Божјите правила и заповеди...
Затоа да го послушаме гласот на нашата Света Црква и да ги искористиме овие великопосни денови за редовно посетување на светите Божји храмови, за искрена и топла молитва, а постот и молитвата да бидат поткрепени со милостини и богоугодни дела. Амин!

 Lit.Ksenofon.jpg

Посети: {moshits}

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

20/01/2025 - понеделник

Собор на свети Јован Предвесник и Крстител; Светиот маченик Атанасиј;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Тропар на Собор на  св Јован Крстител     7 јануари / 20 јануари 2024

Тропар на Собор на св Јован Крстител 7 јануари / 20 јануари 2024

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Тропар на Богојавление  6 јануари / 19 јануари 2025

Тропар на Богојавление 6 јануари / 19 јануари 2025

     Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,       се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:      Родителскиот глас сведочеше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная