Скопје, 17 март (МИА) - Поглаварите на црквите и верските заедници во Република Македонија, денеска одржаа работна средба од која во духот на нивните верски и вредносни начела упатија јавен апел до верниците, граѓаните и политичките партии за одржување на мирни, достоинствени и демократски избори.
Имајќи предвид дека овие избори се одржуваат во исклучително време за нашава држава, се вели во пораката, тие можат значително да влијаат и врз сегашноста и да ја определат нејзината иднина.
Токму затоа, никој нема право да ја загрозува стабилноста и перспективата на Република Македонија. За време на изборниот процес, повикуваме, преку взаемното почитување да се потврди веќе докажаната меѓуверска и меѓуетничка толеранција. Тоа е впрочем и одлика на нашето верување и залагање, се наведува во пораката на поглаварите на Македонската православна црква и на Исламската верска заедница, г.г.Стефан и Хаџи Сулејман еф. Реџепи, скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов, проповедникот Михаил Цеков од Евангелско-методистичка црква и Бјанка Суботиќ од Еврејска заедница. рп/дма/14:14
Ние, поглаварите на црквите и верските заедници во Република Македонија, од заедничката работна средба одржана на 17 март 2009 година, а во духот на нашите верски и вредносни начела, упатуваме јавен апел до верниците, граѓаните и политичките партии за одржување на мирни, достоинствени и демократски избори.
Имајќи предвид дека овие избори се одржуваат во исклучително време за нашава држава, тие можат значително да влијаат и врз сегашноста и да ја определат нејзината иднина. Токму затоа, никој нема право да ја загрозува стабилноста и перспективата на Република Македонија.
За време на изборниот процес, повикуваме, преку взаемното почитување да се потврди веќе докажаната меѓуверска и меѓуетничка толеранција.
Тоа е, впрочем, и одлика на нашето верување и залагање.
Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, Македонска Православна Црква
Хаџи Сулејман еф. Реџепи,
Исламска заедница во Република Македонија
Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх, Католичка црква во Република Македонија
Михаил Цеков, Проповедник,
Евангелско-методистичка црква во Република Македонија
Бјанка Суботиќ,
Еврејска заедница во Република Македонија