логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Carknjas.jpgКазна затвор од шест месеци му е изречена на архимандритот Никодим Царкњас од страна на грчкиот суд поради инцидентот предизвикан од група млади во Воден. Во судскиот спор тој беше обвинет дека претепал и му нанел телесни повреди на едно 12-годишно момче што учествувало во инцидентот кај домот на Царкњас.

 

Во нападот на група млади хулигани беше сериозно оштетен домот на архимандритот, кој се залага за почитување на верските и на националните права на Македонците во Грција. Хулиганите, кои пееле грчки националистички песни, со камења ги искршиле прозорците на куќата. Ова е само обид да ме заплашат, но нема да им успее - изјави вчера Никодим Царкњас.

 

 


 

1. Пратено од z, на 18-03-2009 21:32
poradi vakvi luge ostanuvaat da postojat narodi.Vo likot od arhimandritot Carknas gledam hrabrost,dostoinstvo,razumno sebepoznavane.Ve pozdravuvam so pozdravot:Del ste od istorijata, dodeka Grcija go povtoruva ispitot za postoene na makedonsko malcinstvo! Evropo zasrami se!

2. Пратено од ....., на 18-03-2009 23:30
Gospod so vas, Arhimandrite Carknjas!!!

3. Пратено од hristijana
sekogas vo nasite molitvi Arhimandrite Nikodim Carknjas.


 19. 03. 2009 г.

Царкњас: Грчкиот суд не ми дозволи да се бранам

Главната судијка не дозволи да докажеме дека не сум го удрил детето, бидејќи и' беше поважно што побрзо да ме осуди


Никодим Царкњас тврди дека судењето против него е класичен пример за монтиран процес

Нејќеа ни да ме сослушаат. Главната судијка не им дозволуваше на моите сведоци да раскажат што навистина се случило. Пресудата да ме пратат во затвор веќе беше донесена.Не можат на друг начин да ја запрат мојата борба за правата на Македонците, па посегнаа и по ова, вели архимандритот Никодим Царкњас кому второстепениот грчки суд му изрече шестмесечната затворска казна за наводниот физички напад врз дете.

Тој во неговиот дом во Соботско, во близина на Воден, деновиве го очекува писменото судско образложение на пресудата. Потоа, со неговиот бранител ќе решат што ќе прават по процесот за кој Царкњас тврди дека е класичен пример за монтиран процес. Една од водечките фигури и симбол на движењето на Македонците од Егејска Македонија за остварување на националните и политичките права беше обвинет дека пред седум години претепал 12-годишно дете во близина на својот дом. Тоа беше само еден од неколкуте инциденти што се случија последниве години во кои групи момчиња ја каменуваа неговата куќа поради неговата промакедонска дејност.

Пред седум години група од петнаесетина момчиња, пеејќи ја националистичката песна „Прочуена Македонија“ и со извици „Скопјани бегајте“, со камења гаѓале кон неговиот дом. Царкњас излегол од куќата за да ги запре, при што фатил едно од момчињата за да дознае кои му се родителите.

- Ништо не му направив. Само го фатив за рака и го прашав кои му се таткото и мајката. Нејќеше да каже и јас го однесов во полициската станица. Тоа ме клоцаше по пат. Таму, полицајците ми рекоа дека немало потреба да доаѓам бидејќи тие ќе дошле. Го зедоа детето и го викнаа татко му. Кога тој дојде, од ходникот слушнав како полицајците му зборуваат: „Го знаеме него, автономист е, да го осудиме“. Во записникот потоа беше запишано дека сум сакал да го отепам детето - раскажува Никодим Царкњас.

Судскиот процес што се водеше сите овие години, според него, беше посебна приказна.

- Судијката не дозволуваше да се слушне ниту еден аргумент. Кога сведочеше мојата сестра, судијката не и' дозволи да каже ништо за тоа како се случил настанот. Ја праша само дали е од православна вера и толку. Дури поставуваше прашања со кои директно кажуваше дека јас сум го удрил детето, на што ние реагиравме. Освен ова, на судењето не беше доставен ниту еден документ дека детето е повредено - вели архимандритот кој последниве години гради прва македонска црква во Соботско во која извршува верски служби.

Тој досега потрошил околу 60.000 евра за судските процеси што се водат во Грција против него. Врз неговата куќа во април минатата година се случил напад, при што беа искршени прозорците и оштетена фасадата. Нападот го извеле малолетници од блиското средно училиште, кои со повици му порачувале „да си оди во Македонија“.

Тужба од Македонци
- Тешко ми паѓа и тоа што зад тужбата стојат луѓето што се Македонци. Родителите на тоа дете ми се и далечни роднини, бидејќи таткото на детето е прв братучед на снаа ми, сопругата на мојот постар брат. Тој и неговата жена сведочеа дека детето е повредено, а што не е вистина. Имаше и некои други сведоци-Македонци. Тие соработуваат со властите - вели Царкњас.

Бранко Ѓорѓевски - Дневник

 Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

« »

Најнови вести

Православен календар

 

09/07/2026 - четврток

Петровденски пости; (на масло)

Преподобен Давид; Празник на Тихфинската икона; Празник на иконата Одигитрија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2026

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2026

 Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем...

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски  3 јули/ 20 јуни 2026

Тропар на св. Христов преподобен Наум Охридски 3 јули/ 20 јуни 2026

    Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот, живеејќи по Дух,

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни  2026

Тропар на св. Христов апостол Јуда 2 јули/19 јуни 2026

Како Христов сродник познавајки те о Јудо,и како храбар маченик свештено те восфалуваме,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная