Во третата недела од Велигденските Пости, на 21. март 2009 година, кога Светата Црква го слави споменот на свети Теофилакт, епископ Никомидиски и светиот свештеномаченик Теодорит во храмот посветен на св. Петар и Павле, во населбата Ѓорче Петров , во Скопје, отец Игор Калпаковски отслужи Божествена Литургија. На певницата византискиот хор Јован Хармосин на Бога Му принесуваа псалмопеење. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Тајни Христови.
Посети: {moshits}