Во организација на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за населбата Бутел, претставуван од г- дин Коце Тапчановски, и УМС на ВМРО – ДПМНЕ на ОК Бутел, под раководство на Далибор Милановски, а во соработка со подрачната единица на Министерството за Земјоделство и шумарство, претставувана од началникот, г-ѓа Роза Накова, со над 200 садници, се изврши акција на пошумување на околината и дворното место во манастирот на свети Никола во селото Љубанци, скопско.
За да се заштити ерозивниот терен во околината на манастирот извршено е засадување на садници од багрем, а во кругот и пред манастирот, пошумени се садници од бор, чемпрес, смрека и елка.
По засадувањето беше организиран ручек, кој традиционално Унија на младите сили на ВМРО - ДПМНЕ од Бутел, во овој манастир го приредува на секои три месеци.
Посети: {moshits}