логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 lazareva.sabota3.jpg

 ЛАЗАРЕВА САБОТА

 Пред Твоето доброволно страдање, Христе Боже, си им дал на сите луѓе уверување во општото воскресение: зашто во Витанија си го подигнал Лазара четвородневниот со Својата семоќна сила и како Светлодател, Спасителе, си направил слепите да прогледаат. Со своите ученици си влегол во Светиот град, седејќи на осле како на Херувим и така си ги исполнил зборовите на пророкот. Децата еврејски, земајќи палмови гранки, Ти излегоа во пресрет. Затоа и ние, носејќи палмови и маслинови гранки, благодарно Ти воскликнуваме: Осана во висините! Благословен е оној, кој доаѓа во името Господово!
Утрена, Лазарева сабота


Angel.Ma.jpg

11. 04. 2009 - храм Свети Соас во населбата Маџари , во  Скопје.

Angel.Ma.jpg

Angel.Ma.jpg

Angel.Ma.jpg

На 11. 04. 2009 година , во шестата недела од Светиот Пост, кога го славиме  спомнот на свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски  и преподобен Јован Пустиник, Митрополит г. Горазд во сослужение на свештенството од храмот Свети Спас,  во Скопје,   отслужи Божествена Литургија.. Многубројниот  верен народ се причести со Светите Тело и Крв Христови.

Angel.Ma.jpg

 Angel.Ma.jpg

Angel.Ma.jpg

Angel.Ma.jpg

Angel.Ma.jpg

Angel.Ma.jpg

Angel.Ma.jpg

Angel.Ma.jpg

 Angel.Ma.jpg


БЕСЕДА - Протоереј Лазо Николовски:

ЛАЗАРЕВА САБОТА

           ,,  А  Исус рече:,,Јас  сум воскресение и животот:
 кој верува во Мене, и да    умре,ќе живее,,(Јован 11,25.)

Angel.Ma.jpg

Драги браќа и сестри, Г.И.Х, ги праша сестрите Лазареви: „Каде го положивте ?“. Од овој момент Господ Бог ни ги отвара и телесните очи и ни го разбиструва телесниот разум за да согледаме и да поверуваме во семоЌноста Божја. Да ги повториме зборовите на свети апостол и евангелист Лука кој вели:,, Чудни работи видовме денес !,,(Лука 5,26).

Иако потиштени и ожалостени, сестрите Лазарови собраа сили и му го покажаа гробот во кој за нив мртов брат лежи, но за Г.И.Х одаја за одмор, за спиење.

Заспаниот  Лазар се буди, станува и потврдува дека телото  спие, а душата поднесува сметка пред нејзиниот Господар, Г.И.Х. ни кажува дека човекот не е само тело  и творба само телесно од овој свет, туку нешто посовршено, кое го сочинува и наличие на Создателот зашто во него е бесмтрната душа вдахновена од Бога. Таа од Бога вдахновена душа Бог ја заспал, а на телото му го покажал патот на неговата трулежност.

За сето тоа евангелистот Јован Ќе ни го напише следново:,, Лазар, пријателот наш заспал, но, ќе отидам да го разбудам. Господи, ако заспал ќе се разбуди. Тогаш Исус отворено рече:,,Лазар умре“(Јован 11,11-14).

Солзите Исусови за нас се само поука колку се сака ближниот свој. Зашто Лазар беше Христов близок пријател. Солзите на Лазаровите сестри беа само дел од водата со која се миеШе гревот на човечкиот род.

Благочестиви христијани, Лазар е првиот човек воскреснат во присуство на апостолате, сестрите, роднините и пријателите негови, со што Г.И.Х. ја покажува својата Божествена сила која не може ниту Велзеву да ја победи. Со ова Г.И.Х. стави пресвртница на човекот во неговиот морален и верски живот.

Со ова чудо заврШува стариот  свет, а почнува новиот и тоа во двата погледа: телесен и духовен. Телесно со Лазаревото воскреснување ни се појаснува Христовата наука  во сверата на овој земен живот, кој е даден од Бога и ние го враЌаме во земјата од која е создадено телото трулежно кое го враЌаме во трулеж. Тоа тело до денешни  дни го негуваме, го чуваме, но на крај во земја- гроб го положуваме, И тоа станува прав.

Духовен поглед: Со Лазаревото воскреснување ни се појаснува Христовата наука во сверата на бесмртниот живот на човековата душа. Човековата дуШа при разделбата од телото трпи големи маки- болки, велиме во молитвата. Но, какви маки и болки, од која причина ги доживува човековата дуШа, тоа зависи од човекот, и тоа од разумот, совеста и од слободната волја, која Бог му ја дал сам да решава во се за себеси за спасение на својата душа.

Да се помолиме на Бога да ја разбуди наШата совест, да го активира нашиот разум и телото да го насочи кон изврШување добри дела, со кои ќе се спротивставиме на Ѓаволот во оваа најсветла недела од земниот Христов живот, за нас и сите по вера и дела верни чеда христови 

А М И Н. 


          

Друго:


lazareva.sabota3.jpgСИНАКСАР - Лазарева Сабота

 

 

 Alek13.jpg

Фрескописот на храмот Свети Спас, во Маџари е дело на зографите: Кирил Златанов и Лазар Лечиќ

 Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

14/06/2026 - недела

Петровденски пости; (на риба)

Преп. Јустин Ќелиски; Св. маченик Јустин Философ; Св. маченици Јустин, Харитон, Харита, Евелпист, Еракс, Пеон, Валеријан и Јуст; Преп. Агапит Печерски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная