логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Veligdensko.Poslanie.jpg


„Јас сум воскресението и животот;
Кој верува во Мене, и да умре, ќе оживее”
(Јован 11, 25)

Возљубени чеда во Христа воскреснатиот,

Христовото Воскресение ја објасни смислата и на создавањето и на постоењето на светот и човекот! Бог, од Својата преголема љубов, го создаде човекот за вечен живот во заедница со Него. И Господ Исус Христос - Богочовекот, пак од љубов, стана соучесник во човековото страдање и смрт, за човекот да биде учесник во Неговото воскресение и вечниот живот.

Бог е живот и единствен Извор на животот! Оттаму, во нашата вера животот има централно место и Велигден е празник на животот. Затоа на денот на Христовото распетие занемеа сите созданија, зашто кој може да го објасни чудото - да страда Оној Кој е Живот, да страда Самиот Бог!?

Светата Црква Христова веќе 20 столетија Му благодари на Бога за љубовта и жртвата. Со секоја света Литургија учествуваме во Голготското страдање и сепобедното воскресение. Со Божја помош, дочекавме и годинава да празнуваме исполнети со богодарувана радост, следејќи ја незаодливата светлина што извира од празниот Христов гроб. И коработ на Светата Македонска Црква, еве, вплови во времето на големото духовно торжество, па дарувани и исполнети со воскресенска радост и божествена љубов, се најдовме во мирното пристаниште на најголемиот христијански празник - Пасхата наша, Пасхата Христова - Воскресението Христово - Велигден.

Со воскресението Христово, животот доби ново вреднување и сè што постои се преобразува; со воскресението Христово замина стариот, а воскресна новиот човек, ослободен од бремето на гревот. Со воскресението Христово слободата влезе во човечкиот живот и тоа е најголемиот дар. Со Христовото воскресение и човечкото достоинство постана вечно и неуништливо, доброто конечно триумфира над злото, а љубовта се потврди дека е вечна и дека Бог не е Бог на мртвите, туку Бог на живите.

Преку победата Христова над смртта животот доби нова смисла, зашто пред човекот се отвори нова перспектива - му се даде можноста да седне од десната страна на Отецот и да го здобие Царството Божјо. Токму заради овие причини светиот апостол Павле вели дека доколку „Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера... Но, Христос воскресна!” (1 Кор. 15. 14 и 20).

Возљубени празникољупци,

Велигден е суштината на Христијанството! Со Христовата воскресенска победа човекот се надева и на свое воскресение и на свое избавување и преобразување. Со воскресението човекот ја доби и откри смислата на постоењето и во неговиот живот се насочија и осмислија љубовта и разбирањето со другите.

Воскресението на Голготскиот Маченик ни го посочи патот кон вистинската светост, патот на вистинската љубов и мудрост. Живеејќи ги придобивките од сепобедното Христово воскресение и примајќи го „новото питие”, ја вкусуваме содржината на вечноста, го вкусуваме вистинскиот живот и, заедно со Господа, стануваме победници над гревот, смртта и распадливоста.

Возљубени чеда во Господа,

Она што за луѓето беше неможно, со воскресението стана можно! Бог покажа најголема жртва и љубов кон човекот. А љубовта Божја нема ниту временска граница, ниту просторно ограничување. Таа сите подеднакво ги прегрнува, на сите исто им се дарува и на сите и на сè се радува. Според својата природа таа е вечна, сеопфатна и безгранична; таа подеднакво ги љуби и живите и упокоените, и праведните и покаените грешници, и луѓето и созданијата.

Љубовта, пак, која ја сака само сегашноста и која луѓето ги предава во ништожност, е лажна и демонска љубов. Љубовта која не е во состојба да воскресне мртви и самата е мртовец. Љубовта која не може да го победи демонското зло, гревот и смртта, самата се претвора во прелест и привид. Љубовта која не е подготвена да слезе во најмрачните подземја на човековата огревовеност и богоотуѓеност, никогаш не ќе може да се претвори во живот и светлина на луѓето. Затоа, оној којшто е Христов и сака да биде Негов во вечноста, нека се исполнува со Неговата воскресна, вечна и од смртта посилна љубов.

Возљубени духовни чеда,

Во годината кога се одбележуваат 1630 години од упокојувањето на свети Василиј Велики, како и 1140 години од упокојувањето на свети Кирил Солунски и 150 години од ракополагањето на Партениј Зографски за Кукушко-полјански епископ, Македонија и македонскиот православен народ, верни на преданијата кои ни ги оставија овие сехристијански и македонски великани, го прославуваме овој Велигден.

Празникот Воскресение Христово - Велигден сите нè образува и воспитува во доброто. Ние, Македонците, имаме многустолетна историја и долга христијанска традиција. Македонија е местото од каде во Европа започна да се шири светото Евангелие и христијанската цивилизација која донесе и гради вечни и непропадливи вредности. Затоа секогаш да се потсетуваме на светлите и славни времиња од нашата историја, зашто ако не се потпреме врз минатото, не ќе имаме сегашност и не ќе си обезбедиме иднина. Оти, и минатото, и сегашноста и иднината се неделиво траење во Господа!

Македонецот насекаде, и во својата татковина и раселен по светот, знае со почит да го препознае овој неповторлив и свет ден, нарекувајќи го Голем ден - Велигден, со што ја искажува суштината и величественоста на Празникот над празниците и на овој спасоносен настан. Денот на Воскресението Христово е вистинска можност да се сплотиме како народ, да си простиме еден на друг, братски и со љубов да си подадеме рака, покажувајќи дека сме чеда на воскреснатиот Господ и достојни следбеници на многубројните богољупци од нашиот род.

Да побрзаме, како жените мироносици, за да му ја објавиме на светот радосната вест, дека Господ Христос воскресна од мртвите! Да Му благодариме на Бога за добрините што ни ги прави, да го благословуваме Неговото име и за Него нека ни бидат постојано отворени нашите срца! Да се облечеме во Неговиот живот и во Неговата личност, и да воскликнеме со сето наше битие:

Христос воскресна! Навистина воскресна!

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† С Т Е Ф А Н

ЧЛЕНОВИ НА СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД:
† КИРИЛ, Митрополит Полошко-кумановски
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиско-новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ГОРАЗД, Поранешен Митрополит Европски
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски  

На Воскресение Христово - Велигден,
2009 Лето Господово


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

21/06/2026 - недела

Петровденски пости; (риба)

Св. Ефрем, патријарх Антиохиски; Преп. Зосим Финикиски; Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная