На Велики Четврток, Велики Петок и Велика Сабота беа извршени Светите богослужби одредени според типикот.
Велигденското прославување започна со Светата полноќна богослужба, по која следеше Воскресенската утрена. Радоста на Христовото Воскресение што на православните македонци во Њу Џерзи им ја донесе овој голем празник, ова година во Св. Кирил и Методиј беше надополнета со присуството на нашиот надлежен архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј.
Точно на полноќ пред црковните врати по читањето на Светото Евангелие тој го објави Воскресението Христово, поздравувајќи ги верниците со најрадосниот христијански поздрав, “ХРИСТОС ВОСКРЕСНА”.
Утредента, беше извршена Светата Велигденска Литургија, на која исто така чиноначалствуваше Митрополитот г. Методиј, во сослужение на парохискиот свештеник протоереј ставрофор Слободан Петковски и епархискиот секретар ѓаконот Стеван Бајрактаров.
Веднаш по завршувањето на Велигденсакта Света Литургија започна свечената Велигденска игранка, на која за кратко време драг гостин ни беше нашиот надлежен архиереј Неговото Висопопреосвештенство Господин Методиј.
Христос воскресна – навистина воскресна!
Известува
Протоереј ставрофор Слободан Петковски