21 мај 2009 год. - Скопје
Во неделата на Самарјанката, на 21 мај 2009 година, кога Светата Црква го слави споменот на светиот апостол и евангелист Јован, преподобен Арсениј Велики и света Емилија, во соборниот храм на св. климент Охридски, во Скопје, отслужи света Божествена Литургија.
Слава, глас 2. Самогласен.
Роде човечки, достојно и добро да го пофалиме синот на громовите, темелот на божествените зборови, началникот на богословието и прв проповедник на вистинските догмати на Божјата премудрост, возљубениот Јован и девственик, оти тој, имајќи Го во себе Бога непрестајно, рече: Во почетокот беше Словото: и веднаш додаде дека Тоа е неразделно од Отецот, и дека е еднакво на Отецот по суштина, откривајќи ни го на тој начин православното учење за Света Троица. Исто така ни покажа дека е Создател заедно со Отецот, носител на живот и вистинска Светлина. О чудо ужасно, кое го надминува умот! Оној што беше исполнет со љубов, беше исполнет и со богословие, бидејќи тој со слава, и чест, и со вера е основател на нашата чиста вера, со кои на судниот ден ќе ги примиме вечните блага.
Посети: {moshits}