логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Duhovden.Cikago.jpg


Во Неделата на Педесетница, во Црквата Св.Петка од Чикаго, беше отслужена Света Божествена Литургија, проследена со Вечерна Богослужба. Верниците еднодушно, коленопреклоно Му се молеа на милостивиот Бог да им Го испрати Светиот Дух, да ги води на прав пат и да ги помилува душите на нивните упокоени сродници. Чинот на читање на овие коленопреклони молитви, некои Божји праведници го нарекуваат и уште едно Свето Таинство! Ова воопшто не е чудно, земајќи ја во предвид  содржината на овие молитви која е неизмерно силна и во своето јадро го содржи призивањето на Светиот Дух и Божјата милост.

 Duhovden.Cikago1.jpg

 Duhovden.Cikago1.jpg

 Duhovden.Cikago1.jpg


Молитва прва

Господи, Ти Си Пречист, Беспочетен, Невидлив, Непостижлив, Непобедлив, Неизмерлив и Незлобив. Ти Си единствен Бесмртен и живееш во недостапна светлина. Ти си ги создал небото и земјата, морето и се што е создадено во нив. Ти ги исполнуваш молбите на сите, уште пред да побараат. Тебе Ти се молиме, Владико, Човекољупче, Оче на нашиот Господ и Спасител – Исус Христос, Кој заради нас луѓето и заради наашето спасение слезе од небото, се воплоти од Светиот Дух и секогаш Дева Марија, Преславна Богородица. Он не учеше прво со зборови, па ни покажа и дела, претрпе спасителни страдања и даде нам смирените, грешни и недостојни Твои слуги пример како да Ти принесуваме молитви со клечење и наведнати глави за нашите сопствени гревови и за гревовите на народот направени од незнаење. Самиот Ти, човекољубив и милостив Владико, услиши не секогаш кога Те викаме и Ти се молиме, но особено во овој ден на светата Педесетница, во кој нашиот Господ Исус Христос, откако се вознесе на небото и седна оддесно на Оца, Го испрати на Своите ученици и Апостоли Светиот Дух, Кој застана врз секого од нив и сите тие се исполнија со Неговата вечна благодат и говореа на разни јазици за Твоите големи дела и пророкуваа. И така, чуј не сега нас, кои Ти се молиме: спомни Си за нас, Боже, смирените и осудените и врати ги од ропство нашите души,  имајќи милост кон нас што ти се молиме. Прими не нас што паѓаме пред Тебе и велиме: згрешивме. Кон Тебе сме приврзани уште од мајчината утроба, уште оттогаш Ти Си Бог наш; но, бидејќи во суета поминаа нашите денови, ја изгубивме Твојата помош и се лишивме од секаква можност за оправдување. Сепак, охрабрени од Твоите добрини, Ти повикуваме: не спомнувај Си за гревовите на нашата младост, како и за оние извршени од незнаење, и од нашите тајни гревови очисти не. На старост не не отфрлај: кога ќе ослабне нашата сила не не оставај. Пред да се вратиме во земјата помогни ни да се обрнеме кон Тебе; дај ни ја Твојата благодат и биди благонаклонет кон нас. Беззаконијата наши измери ги со мерката на Твојата милост; големата Твоја добрина противстави ја на множеството наши беззаконија. Господи, милостиво погледни од Твојата света височина на Својот народ што стои тука и чека од Тебе да добие богата милост. Посети не со Твојата благост и избави не од насилството на ѓаволот. Утврди го нашиот живот во Твоите свети и возвишени закони,. Довери го твојот народ на ангел, верен пазител. Сите нас собери не во Твоето Царство. Дај им прошка на оние што се надеваат на Тебе: прости ги нивните и нашите гревови. Очисти не преку дејството на Твојот Свет Дух, разруши ги злите мисли на нашиот непријател.

Благословен Си Господи, Владико, Седржителу, Кој Си го осветлил денот со светлината на сонцето, а ноќта си ја направил јасна со огнени светилки. Ти не удостои да го поминеме овој ден и да се доближиме до почетокот на ноќта; послушај ги молитвите наши и на сите Твои луѓе и, проштавајќи ги нашите гревови, волни и неволни, прими ги нашите вечерни молитви и испрати Му на Твоето наследство милост и добрини. Заштити не со Твојата вистина, зацврсти не со Твојата сила, избави не од секаков напад и зломислие на нашите противници. Дај ни оваа вечер со ноќта што иде, па и сите денови на нашиот живот да бидат совршени, свети, мирни, без грев, без соблазни, без празни мечти – по молитвите на Света Богородица и на сите Светии кои од век Ти благоугодувале. Амин.

 Duhovden.Cikago1.jpg

 Duhovden.Cikago1.jpg


Втора молитва

Господи, Исусе Христе, Боже наш! Ти Си им го дарувал на луѓето Својот мир уште додека Си бил меѓу нив и секогаш Си им го давал на верните дарот на Светиот Дух, како постојано наследство. Денес, таа благодат Си ја испратил на Твоите ученици и апостоли, а устите Си им ги утврдил со огнени јазици. Преку нив, целиот човечки род го слушна на својот роден јазик Богопознанието, се просветивме со светлината на Духот и се избавивме од заблудата како од темнина. Се научивме да веруваме во Тебе по надприроден пат – преку давањето на чувствени и огнени јазици и се просветивме Тебе да Те благословуваме, со Отецот и Светиот Дух во едно Божество и сила и власт. И така, Ти, Светлино на Оца, непроменлив и непреседен образ на Неговото Суштество и природа, Извор на премудрост и благодат, отвори ми ги устите и мене, грешниот и научи ме како е достојно и за што треба да се молам. Зашто, Ти ги знаеш многубројните мои гревови, но Твојата добрина ќе го победи нивното мноштво. Ете, со страв стојам пред Тебе, во морето на Твојата милост сум ја фрлил својата очајна душа. Ти, Кој со зборови, преку Твојата неискажана сила и премудрост ги раководиш сите созданија, исправи го мојот живот. Ти Си мирно пристаниште: покажи ми го патот по кој да трргнам. На моите помисли дај им Го Духот на Твојата премудрост; Духот на разум дарувај и го на мојата неразумност; со Дух на страв пред Тебе осени ги моите дела; Со вистински Дух обнови ја мојата внатрешност и со Дух што владее утврди ја непостојаноста на моите мисли, та поучуван секој ден од Твојот благ Дух за добри работи, да се удостојам да ги исполнувам Твоите заповеди и секогаш да ми е на ум Твоето славно пришествие, кога ќе ги испиташ делата што сме ги сториле. Не ме оставај да се соблазнам од убавините на овој свет, но утврди ме во стремежот кон идните блага. Зашто, Владико, Ти Си рекол: што и да посака некој во Твое име, бездруго ќе го добие од Твојот Небесен Отец. Затоа, и јас грешниот, при слегувањето на Твојот Свет Дух ја молам Твојата добрина: се што барав дај ми го за спасение. Навистина, Господи, Ти Си благ и добар дарител на секое добро дело, зашто Ти даваш преизобилно се што ќе посакаме. Ти сочувствуваш и Си милостив, Кој безгрешно Си станал соучесник на нашето тело; како добар по срце, се доближуваш до оние што коленичат пред Тебе и Си очистување на нашите гревови. И така, Господи, подари ги на Своите луѓе твоите добрини и послушај не од Твоето свето небо. Благослови не со Својата света десница, заштити не под покривот на Твоите крилја и не ги изоставај делата на Твоите раце. Пред Тебе грешиме, но и на Тебе Единствениот Ти служиме: не знаеме да се поклонуваме на туѓи богови, ниту да пружаме раце кон друго божество. Прости ни ги нашите гревови и примајќи ги нашите поклонувања и молитви, пружи ја Твојата света рака кон сите за помош; прими ја молитвата на сите како пријатно кандило во Твоето преблаго Царство.

Господи, Господи, Кој не избавуваш од секоја стрела што лета дење, избави не и од секое нешто што станува во темнина. Подигањето на нашите раце прими го како вечерна жртва. Удостој не и во ноќно време без порок да минеме, неискушувани од лоши работи и избави не од забуна и плашливост, кои што доаѓаат од ѓаволот. Дарувај им  на нашите души радост и на помислите – загриженост за испитанието што ќе биде  на Твојот Страшен и праведен Суд. Приковај го нашето тело во страв пред Тебе и умртви ги нашите земни членови, така што и во ноќната тишина да се просветиме, гледајќи ги Твоите судбини. Отклони од нас секакво неприлично мечтаење и зловредно посакување. Издигни не во време на молитва, укрепи не во верата и направи не исполнители на Твоите заповеди. Амин.

 Duhovden.Cikago1.jpg

 Duhovden.Cikago1.jpg

 Duhovden.Cikago1.jpg

 


Третата  молитва се однесува на просење милост за нашите упокоени сродници и ќе биде целосно приложена во наредна прилика.

 


ЦАРЕ НЕБЕСНИ, ИСПРАТИ НИ ГО НА СИТЕ НАС ТВОЈОТ ПРЕСВЕТ ДУХ И ВОДИ НЕ ПО ПАТОТ НА СПАСЕНИЕТО!

 

 

Macedonian Orthodox Church "St. Paraskeva - Petka" from Chicago
Македонска Православна Црква „Св. Параскева - Петка“ од Чикаго


http://www.mpc-svpetka.com/

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная