Осветен Кнежинскиот манастир
По повеќе од четири века, монашкиот дух се врати во манастирот посветен на великомаченикот Ѓорѓија, познат како Кнежински манастир. Архиепископот на МПЦ г.г. Стефан во сослужение со Владиките г.Тимотеј.г. Наум и г. Иларион вчера ги освети новоизградената црква и конакот во кој сестра Доротеа го продолжува монашкото живеење надевајќи се дека сестринството во наредниот период ќе биде помногубројно.
Првите пронајдени артефакти се од ранохристијанска базилика од 5 век, а над неа се простираат мозаици од 9, 11 и од 13 век, од кои по палењето на комплексот останале само урнатини.
(С.В.)
„Дневник“
Осветување на црква на свети Георгиј Победоносец (11.10.2007)
На 11 октомври 2007 година, Владиката дебарско-кичевски г. Тимотеј заедно со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот струмички г. Наум и Митрополитот брегалнички г. Иларион, ја осветија црквата посветена на светиот великомаченик Георгиј во с. Кнежино - кичевско.
Претходниот ден, вечерта, Владиката г. Тимотеј на искушеничката Дана, на Вечерната богослужба ѝ благослови да носи мантија, давајќи и го името Доротеја.
Манастирската црква започна да се гради во 1999 година, а завршните работи, во поглед на манастиркиот конак и црква, денес ги завршува протоерејот Зоран Данев од Скопје.
Посети: {moshits}