10. јули 2009 год. - храм на св. Петка, Скопје
Во петтата недела по Педесетницана, на денот кога Светата Црква го слави споменот на свети Сампсон Странопримец и света Јоана Мироносица, во храмот на св. Петка (во скопската населба Црниче ) се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 50)
Рече Господ во приказна: „Ете, излезе сејач да сее; и кога сееше, едни зрна паднаа покрај патот; долетаа птици и ги исколваа. Други паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу проникнаа, оти земјата не беше длабока. Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, како немаа корен, се исушија. Некои паднаа во трње и израсна трњето и ги задуши. Други паднаа на добра земја и дадоа добар плод: едно сто, друго шеесет, а друго триесет. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Посети: {moshits}