Се престави пред Господа Тоше Проески
„Ако даде Господ…. Ако сака Господ“
Ден пред последниот, од сегашнава временска случка, проштален концерт на Тоше Проевски одржан во Скопје, на прес конференцијата по тој повод, се сретнавме со него.
Во салата преполна со новинари и фоторепортери, неговото радосно и мило лице зрачеше со особена топлина. На едно од поставените новинарски прашања, во врска со неговата кариера, дали ќе влезе во конкуренција на европскиот пазар, рече: „да, ако сака Господ“, но да го имаме на ум и тоа дека е македонец и дека секогаш ќе остане македонец и ќе живее тука во Македонија и во неговото Крушево без оглед на се. При секој настап или концерт или било каква работа, тој бараше благослов од Бога, зашто длабоко во себе беше свесен дека без Бога ништо не можеме, дека и неговиот глас, и харизма, и виртуозноста и моќта на комуникација со која ги пленуваше луѓето, се ретки дарови дадени одозгора, од нашиот Отец Небесен.
Со големо внимание го прими и прифати нашиот предлог за интервју, како да сме некоја скапоценост за него.... Штотуку беше пристигнал од Австралија, утредента го чекаше напорен концерт, а сакаше на посетителите на Преминпортал да им подари поголемо внимание, толку својствено за него и неговата љубов.
Сите ги сакаше, на се се радуваше а секогаш и во секоја мисла, во секој свој двиг и во се Тоше се потпираше на Бога....постојано велеше... „Ако даде Господ...ако сака Господ...“
Неделава очекувавме, поточно и требаше да се сретнеме во манастирот Св. Никола во Љубанци и да го направиме интервјуто со нашата заедничка македонска скапоценост, нашиот Тоше.
Господ по својата промисла... го зеде..
И колку да ни е тешка разделбата со Тоше и колку да боли,...
...она што ние можеме да го направиме за Тоше, секој поединечно и сите заедно е на Литургија да Му се помолиме на Господа, да му ги прости сите прегрешенија волни и неволни, извршени со збор, со дело, во знаење и незнаење и во Царството Небесно да ја насели неговата душа, на место светло, на место цветно, каде нема никаква тага и болка...
Свети Јован Битолски вели, дека ако сакаме да им помогнеме на нашите ближни кои се упокоиле, да се молиме за нив, да се отслужат 40 литургии за простување на гревовите и покој на нивните души, зашто нивните души не можат да ги слушнат надгробните говори и беседи, но затоа пак ја чувствуваат молитвата која е упатена за нив, пред престолот на Севишниот Бог.
Нашиот Бог е Бог на живите и во Него нека најдат успокојување сите праведни души.
Бог да го прости!
Вечнаја памјат!
ГО ЧЕКАМ ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ И ЖИВОТОТ ВО ИДНИОТ ВЕК
Почит за Тоше на плоштадот во Скопје
Скопје, 16 октомври (МИА) - Плоштадот „Македонија“ е полн со расплакани граѓани кои по веста за трагичната смрт на Тоше Проески спонтано се собираат во центарот на Скопје. Најбројни се младите, неговите обожаватели, кои палат свеќи во спомен на поп-ѕвездата.
Голем број ученици ја напуштија наставата за да му одадат почит на својот идол, кој утрово загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.
Отворени се неколку книги на жалост, а Македонската православна црква обезбеди бесплатни свеќи. Забележливо е и присуството на голем број лица од македонската музичка сцена.
Македонија плаче за Тоше
Скопје /16/10/ 14:44
Македонија е во плач и тага за поп – кралот Тоше Проески, кој загина денеска на 26 годишна возраст.
Државната телевизија во директен пренос од плоштадот Македонија во Скопје прикажува илјадници граѓани како се собираат и палат свеќи пред плакатите и фотографиите на Тоше.
Во голем дел од основните и средните училишта, каде Тоше имаше најбројна публика, наставата претпладнето на кратко или на подолго била прекината, а децата и учениците биле во колективен плач.
Според информации до кои дојде Макфакс од неговата дописничка мрежа, траорна атмосфера владее и во другите градови и населени места во Македонија, а несреќата е главна тема на разговор меѓу луѓето.
На државната и на приватните телевизии истовремено се емитуваат снимки од концертите на Тоше. Во речиси сите ресторани или кафетерии, исто така, се пуштаат албумите на Тоше, а впечаток е дека целата нација е во грч.
Веста за загинувањето на Тоше Проески ја објавија најголемите светски новински агенции Ројтерс и ДПА и медиуми како Би Би Си, нарекувајќи го македонска и балканска поп икона, една од најголемите балкански ѕвезди или балканскиот Елвис Присли./крај/б
Посмртните останки на Тоше ќе бидат преземени од Хрватска денеска со хеликоптер на Армијата на Република Македонија. ли/хс/14:27
Тоше Проеки 1981-2007
Mакедонија се збогува од Тоше - замина ѕвезденото момче
Скопје, 17 октомври (МИА) - Тоше Проески - идолот, иконата, амбасадорот на Македонија, славејот со ангелски глас и хуманист попладнево со државни и верски почести е погребан на Градските гробишта во неговото родно Крушево.
Солзите на сите кои дојдоа да се збогуваат со Тоше и беспомошните лелеци на неговите најблиски не ја омекнаа реалноста. Тоше се врати во своето Крушево - засекогаш.
Почесната армиска гарда му го предаде знамето од ковчегот на Тоше на неговиот татко Никола. Во чест на Тоше беа испукани три плотуни.
Пред ковчегот со неговите посмртни останки се поклонија претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски. Присутни се членови на Владата, пратеници, архиепископот г.г. Стефан и владиците Петар и Ангелариј, претставници на дипломатскиот кор меѓу кои амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ, евроамбасадорот Ерван Фуере, делегации на АРМ, на политички партии, на локалните самуправи на Крушево и на Скопје. Последна почтит му оддадоа и претставници на македонската музичка сцена, соработници-композитори и естрадни имиња од соседството - Аки Ракимовски, Тони Цетински, Светлана Цеца Ражњатовиќ, Владо Георгиев... и сите за кои пееше Тоше кој токму оваа година одбележуваше 10 години од својата плодна музичка кариера.
Ковчегот со посмртните останки на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески изутрината од неговиот дом беше пренесен во црквата „Пресвета Богородица“ во Крушево каде што се одржа црковен обред, а крушевчани и граѓани од многу други градови во Македонија и надвор од неа му оддадоа почит.
Со посмртни звуци на Воениот оркестар и со марш на почесниот вод на Армијата на Република Македонија ковчегот на Тоше беше донесен на Гумење пред „Македониумот“.
Расплакани лица на граѓани, деца со венци и многубројни делегации се поклонуваа пред посмртните останки на Тоше. Семејството, најблиските, роднините и пријателите потресени и со неверување ја допираа сликата на Тоше и неговиот ковчег прекриен со државното знаме. Во „Македониумот“ се одржа и комеморативна седница.
BANNED
Join Date: Oct 2007
Location: Banova Luka
Posts: 380
|
evo jedan dio posvete koji je mene posebno dojmio
Quote:
|
Тоше го разубавил краткиот живот на Милена
Големиот пејач откако слушнал дека малечката Милена, која била тешко болна, има желба да се сретне со него, повеќепати ја посетувал во Неготино и во болницата во Скопје, раскажуваат нејзините родители
Смртта на Тоше ја доживеавме болно како и смртта на нашата седумгодишна ќерка Милена, на која ангелот од Крушево и' го разубавуваше краткиот живот, со солзи завчера зборуваа неготинците Светлана и Бранко Димови. Тие низ плач раскажуваа за хуманоста на Тоше, кој откако слушнал за тешката болест на малечката Милена и за нејзината желба да се сретне со него, повеќепати ја посетувал во нејзиниот дом во Неготино и во болницата во Скопје.
Милена, која починала во 2000 година, уште на тригодишна возраст гледајќи го Тоше на телевизија изразила желба да се сретне со него. Девојчето, поради проблеми со белите дробови, било секогаш поврзано со боца за кислород и немало начин како да и' биде исполнета желбата да отиде на концерт. Тоше дознал за големата желба на малото немоќно девојче и, како во бајките, еден ден се појавил на вратата од нивниот дом во Неготино.
- Се здрвив од возбуда и восхит кога го видов на влезот во нашиот скромен дом. Тоше, извикав, а Милена не внимавајќи на цревото преку кое го вдишуваше кислородот, се стрча за да го прегрне - се сеќава нејзиниот татко Бранко.
Милена за момент била пресреќна. Таа не го симнувала погледот од гостинот, кого толку посакувала да го види. Тоше, раскажуваат Димови, веднаш му понудил помош на семејството. Рекол дека ќе одржи и хуманитарен концерт ако треба.
- Лек за Милена нема во светот, му рековме. Доволно е што дојде, зашто тоа многу и' значи на нашата ќерка - бил одговорот на родителите на болното девојче.
Димови раскажуваат дека ангелот од Крушево, како што го нарекуваат, продолжил да ја посетува својата малечка пријателка секогаш кога можел. Средбите со него, велат тие, и' го продолжувале животот на Милена.
- Душичке, секогаш кога ќе можам, ќе дојдам да те видам. Ќе пораснеш голема, Господ ќе ти помогне, ќе оздравиш - ја тешел Тоше, ја гушкал и и' давал сила и оптимизам на Милена.
Димови велат дека познатиот пејач доаѓал секогаш кога можел, макар и на неколку минути. Милена во него го гледала својот принц од бајките. Бил нејзиниот најдобар другар, бидејќи детството и' било украдено и никогаш не си поиграла со другите деца.
- Се сеќавам кога еднаш Милена беше во шок-соба во болницата во Козле во Скопје. Беше во критична состојба. Телото и' беше скоро безживотно. Тоше снимал спот, но нашол време и дојде да ја види. Пред тоа таа не ги отвораше очите и со никого не разговараше. Кога дојде Тоше таа се насмевна. Не можеше да зборува, но на прашањата му одговараше со насмевки и со климање на главата - раскажуваат родителите на Милена.
Тие тагуваа во 2000 година, кога почина нивната ќеркичка, а вчера тагуваа поради смртта на нејзиниот принц.
- Беше хуман и со огромна позитивна енергија. И го продолжи животот на мојата Милена за четири години. Кога доаѓаше носеше чоколадо и една коцка кршеше за нејзе, една за него. Јадеше само од него, од нас не сакаше. Кога слушнав дека загинал, се чувствувам како на денот кога ми умре Милена. Како да изгубив свое дете - со плач зборуваше Светлана.
Родителите велат дека добродетелот сакал да го плати и скапиот апарат што бил неопходен за девојчето, но тие се заблагодариле и го информирале дека тие трошоци ги покрила државата.
- Животот тече понатаму, можеби Милена му била многу мила и на Господ - им рекол Тоше, кога ги сретнал по нејзината смрт во Неготино.
Големиот пејач со хумано срце и по нејзината смрт не ја заборавил својата малечка пријателка. Родителите велат дека тој повеќепати го посетил малечкиот гроб на Милена.
Мамо, како сега јас да му помогнам на Тоше?
Се мора да биде во ред кога Тоше ќе пее за Тоше, им велел пред хуманитарниот концерт во Кочани Тоше Проески на родителите на осумгодишното момче кое со шесте илјади марки, кои биле собрани, заминало на операција на тумор на мозок во Ханов
"Мамо, како сега јас да му помогнам. Тој мене ми даде живот, што да направам јас за него". Вака реагирал сега петнаесетгодишниот Тоше Илиев од Кочани, обраќајќи и се на мајка си Евгенија (32), кога слушнал дека Тоше Проески загинал во сообраќајна несреќа во Хрватска.
Во декември 2000 година кај малиот кочанчанец Тоше (тогаш на осум години) бил откриен тумор на мозокот. Операцијата во Скопје била неуспешна. На Илиеви им било кажано да бараат спас во Германија. Операцијата чинела многу пари, кои тие ги немале. Со помош на членовите на кочанската група “Калифорнија”, таткото Миле (36) стапил во контакт со Тоше Проески. Му објаснил за што станува збор. Проески на еден збор прифатил. Пеел на хуманитарен концерт во Кочани и неколку дена потоа биле собрани 6.000 марки.
“Миле му нудеше на Тоше да земе дел од парите да си ги покрие трошоците, ама тој не сакаше да слушне за такво нешто. Дојде пред концертот кај нас дома. Си играше со нашиот Тоше и со неговиот помал брат Симеон. Ни велеше дека се мора да биде во ред кога Тоше ќе пее за Тоше”, ни раскажа Невенка, баба на Тоше Илиев, со солзи во очите и не испуштајќи ја сликата на Проески од раце.
Операцијата била извршена во Хановер, Германија. Се поминало во најдобар ред. Проески постојано се јавувал да праша како е неговиот имењак од Кочани.
Тоше Илиев со родителите и едниот брат вчера не беше во својот дом. Уште рано изутрина сите беа тргнати за Крушево, да му оддадат последна почит на Проески, кој со неговото широко срце им помогна пред седум години .
“Што да ви кажам. Тој му помогна на моето дете. Таков човек повторно не се раѓа. Мораме да бидеме во Крушево, потресени сме сите. За нас ова е трагедија која тешко ја доживуваме. Што и да кажам, џабе е”, плачејќи ни рече по телефон Миле Илиев, татко на Тоше од Кочани, кој сега е прва година во Средното економско училиште. Одличен ученик е, иако видот му е значително оштетен од туморот.
Како што ни рече Миле, неговиот син со Проески постојано се слушал на телефон. И кога го менувал бројот, им го давал на Илиеви да го имаат за секој случај, а неговиот штитеник од Кочани го предупредувал да не им го дава на девојчињата.
Семејството Илиеви неколкупати го посетиле домот на Проески во Крушево. Им ги честитале домашните слави и имендени. Тоше од Кочани и Тоше од Крушево имале посебен однос. Последен пат се слушнале пред еден-два месеа. Договарале средба кога македонската мегаsвезда ќе се ослободи од обврските.
За жал, двајцата Тошевци повеќе никогаш нема да се сретнат. Останува помладиот, овде во Кочани, да ги негува спомените за човекот што несебично му помогнал, во кого се колнел и го обожавал.
Музеј на Тоше во Крушево
На иницијатива на Андријана Будимир, а со поддршка на неговото семејство во план е во Крушево да се отвори музеј во спомен на Тоше. Во него би биле сместени многу негови лини работи, гитарите и разни подароци кои тој ги добивал на концерти низ целиот
Dijana -
SEKOGAS KE TE SAKAM ANGELU MOJ
Last Updated: Tuesday, 16 October 2007, 15:47 GMT 16:47 UK
Balkan pop star dies in car crash
|
||||
Proeski sang for Macedonia in the 2004 Eurovision Song Contest and won many awards in former Yugoslavia. Police said the 26-year-old's car was in a collision with a lorry on a motorway near the eastern Croatian town of Nova Gradiska. In the Macedonian capital Skopje people wept in the streets. A day of national mourning will be held on Wednesday. Local radio stations started playing Proeski's songs back-to-back. "We all have been blessed with such a great singer and with his immense soul filled with love," Macedonian President Branko Crvenkovski said.
"Macedonia and the Balkans lost an angel," said the head of the Macedonian Orthodox Church, Archbishop Stefan. Two other people in Proeski's car were injured. Proeski started his career aged 15, releasing his first album at 18. He had several number one hits in four former Yugoslav republics - Macedonia, Serbia, Bosnia-Hercegovina and Croatia.
Among Proeski's hits were Cija Si (Whose Are You?) and Ako me poglednes vo oci (If You Look Me In The Eyes). He sang both in Macedonian and in Serbian and was seen as a bridge between people in a region often divided by ethnic hatreds, correspondents say. |
Пoсети: {moshits}