Литургија за упокоени
Во храмот посветен на Вознесението Христово, денес се отслужи четриеста Литургија за простување на гревовите и покој на душата на Протојереј- ставрофор Александар Стојковски, исклучителен свештеник и пастир на Македонската Православна Црква.
“Господ Бог да ги насели нивните души, таму, каде што почиваат праведниците“ – Господи помилуј(3 пати)
“ Милост Божја, Царство Небесно и простување на нивните гревови од Христа, бесмртниот Цар и Бог наш, просиме“ – подај Господи
“Боже на духовите и на секое тело, Којшто смртта си ја сотрел и си го уништил ѓаволот и на Твојот свет, живот си му дарувал; Самиот Ти Господи, упокој ги душите на Твоите раби, во место светло, во место цветно, во место на одмор, од каде што побегна секоја болка, тага и воздишка. Секој грев, направен со збор или дело или помисла, како благ и човекољубив Бог, прости, зашто нема човек да живее, а да не згреши. Ти единствен си без грев, Твојата правда е вечна правда, и Словото Твое е вистина.
Зашто Ти си воскресение и живот и покој на починатите раби Твои, Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец и со пресветиот, благ и живототворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови“. – амин
“Ако некој од нас сака да ја покаже својата љубов кон преминатите и вистински да им помогне, најдобро тоа може да го направи така што ќе се моли за нив, особено ако ги даде нивните имиња да се спомнуваат на Литургија, кога се одвојуваат честици за живите и за мртвите и се ставаат во Крвта Господова со зборовите: “Измиј ги Господи гревовите на овде споменатите со Твојата Пречиста Крв, по молитвите на Твоите Светии“. Ништо повеќе и подобро не можеме да направиме ние за мртвите од тоа да се молиме за нив, спомнувајќи ги на Литургија. Тоа им е секогаш неопходно, а особено во оние четириесет денови во кои душата на преминатиот го минува својот пат до вечните населби. Тогаш телото ништо не чувствува, не ги гледа ближните кои се собрале, не му мириса благиот мирис на цвеќето ниту ги слуша надгробните беседи. Но душата ги чувствува молитвите што се упатуваат за неа, и благодарна им е и духовно блиска на оние кои се молат за неа“.
Св. Јован Шангајски (Битолски)
Посети:{moshits}