Македонската православна епархија за Европа по повод 15-годишнината од основањето, на 26. 09. 2009 година, ќе организира централна прослава во рамките на која ќе биде поставен камен-темелник за храмот на св. Никола во Мајнц, Германија. Со Светата Литургија и чинот на поставувањето на камен- темелник, ќе чиноначалствува, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во солужение на надлежниот Митрополит за Европската Епархија при МПЦ Митрополитот г. Пимен.
Сабота 26.09.2009
09:30 -10:30 Собирање и средба со народот
Локација: паркинг при Саемот на градот Мајнц – Messegelande Mainc-Hechtsheim (http://www.messe-maiz.de/) * - тргнување со организиран автобуски превоз /Shuttleservice/ до местото за поставување на камен-темелник за градба на храм
10:00 Света Архиерејска Литургија
11:30 Беседа на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
Обраќање на градоначалникот на општина Мајнц господин Норберт Шулер /herr Norbert Schuler/
11:50 Чин на осветување и поставување на камен - темелник
12:00 Наддавање за втемелувач /кратка лицитација за донирање/
12:30 Обраќање на Н.Е. проф. д-р Ѓорѓи Филипов, амбасадор на Република Македонија во СР Германија
Поздравен говор на г. Мирче Филипоски - претседателот на МПЦО „Свети Никола"- Мајнц СРГ
13:30 Тргнување со организиран автобуски превоз кон местото за заедничка прослава / Саем на градот Мајнц/
14:00 Прослава збогатена со македонска народна и забавна музика* и македонски традиционален фолклор
Обраќање на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен
Недела 27.09.2009
11:00 Света Архиерејска Литургија* - ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан
* 1 – Навигација: Genfer Allee /излез на автопат А60 – Mainz Hechtsheim West/, паркинг за 3000 возила;
* 2 – Група Феникс и Дуле и Коки;
* 3 – Во просториите на црквата „Свети Никола“ Hans-Bocklerstrasse 19-21, 55128 Mainz-Bertzenheim.