На денот кога Светата Црква го слави Преносот на моштите на Св. Климент Охридски; преподобен Исакиј, Далмат и Фавст, во десетата недела по Педесетницата, во црквата Раѓање на Пресвета Богородица - Sterling Hајц, се одржа Света Божествена Литургија, на која своја пристапна беседа имаше новонаименуваниот парохиски свештеник Горан Трпчевски. За време на светата Литургија народот се причести со телото и крвта Христови.
По завршување на службата, верниот народ и Управата на црквата приреди коктел, на кој отец Горан Трпчевски се запозна со верниот народ, а членовите на нашата црковна заедница и старешината на црквата прота Синиша Ристовски, му посакаа топло добредојде.
известува: Аџи - oтец Стојан Димитриевски