Денес, во манастирот на Пресвета Богородица познат како Света Пречиста Кичевска, беа одбележани два јубилејни настани: 40 години од автокефалноста на Македонската Православна Црква и 40 години од основањето на Дебарско-кичевската епархија. По тој повод беше отслужена Света Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со: надлежниот архиереј Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Хераклејски г. Климент. За време на Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен о.Никола. Потоа, беше осветен и новиот манастирски конак.
Посети:{moshits}