06 септември 2009 год.- храм Св. Спас, Скопје
Во тринаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на светиот свештеномаченик Евтихиј, преподобен Арсениј Комељски и светата маченичка Сира, во храмот Свети Спас , населба Драчево, во Скопје, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на секретарот на Скопската епархија, отец Коста Стаматовски и свештенството на храмот, отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата
По Светата Литургија се изврши чинот на Призив на Светиот Дух, за упешен почеток на учебната година и добри резултати во учењето и духовниот раст на учениците од Македонската Православна Богословија.