логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 
Скопје, 8 септември 2009(МИА) - Република Македонија денеска одбележува 18 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање - Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решевање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 160 држави во светот, а под уставното име е признаена од 125 меѓу кои и три од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина.

Во изминатите 18 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели - зацврстување на демократијата и интеграција во евроатлантските структури. Во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната.

И покрај исполнувањето на сите критеритериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април минатата година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го искористи правото на вето и го блокира приемот.

Осумнаесетиот роденден од осамостојувањето Македонија го минува во очекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Грција по примерот со НАТО повторно се заканува дека поради спорот за името ќе го блокира и членството на земјата во Унијата.

Денот на независноста на Република Македонија се одбележува со многубројни свечености и манифестации. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вчера приреди прием во Парламентот, а вечер во Македонската опера и балет ќе се одржи свечена академија на која ќе се обрати шефот на државата Ѓорге Иванов.

АРМ традиционално го одбележа празникот со почесна стрелба на 10 плотуни од 12 артилерски орудија во касарната „Илинден“ во Скопјe, a денеска во Охрид ќе се одржи Вториот воен атлетски маратон.

Македонските иселеници во Канада по повод Денот на независноста првпат годинава организираат манифестација „Кревање на знамето“. Пред Парламентот на Онтарио во Торонто денеска цел ден ќе се вее македонското знаме, на јарбол висок 15 метри. ва/са/8:52


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная