логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба

Скопје, 23 октомври (МИА) - Република Македонија денеска првпат го одбележува 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба.

По тој повод во Собранието на Република Македонија беше врачена државната награда  „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.

За остварување во областа на науката и образованието добитници се д-р Танас Вражиновски - етнолог и проф. д-р Тахир Зајази методичар, и академикот Гане Тодоровски е награден за остварување во областа на културата.

grujo.stefan1.jpg

Во Македонската Опера и Балет вечер ќе се одржи Свечена академија на која свои обраќања ќе  имаат претседателот на Владата Никола Груевски и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) академик Цветан Грозданов.

По нивните обраќања заеднички концерт ќе одржат Македонската Опера и Балет (МОБ) и Македонската филхармонија со дела на Џузепе Верди, Јоханес Брамс, Петар Илич Чајковски, Жорж Бизе, Арам Хачатуријан, Џакомо Пучини и Карл Орф. 

Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а ќе настапат македонските  оперски уметници -баритонот Горан Начевски, сопранистката Сандра Митровска, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и мецосопранистката Ирена Кавкалевска.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење  кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ  резултира со создавање  модерна самостојна македонска држава.

grujo.stefan.jpg



Врачена државната награда „23 Октомври“


Скопје, 23 октомври (МИА) - Република Македонија денеска првпат го одбележува 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба и по тој повод во Свечената сала на Собранието денеска е доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.

За остварување во областа на науката и образованието добитници на годинашната награда се д-р Танас Вражиновски - етнолог и проф. д-р Тахир Зајази методичар, и академикот Гане Тодоровски е награден за остварување во областа на културата. Наградата на добитниците им ја врачи претседателот на Одборот за доделување на Наградата, Томе Бошевски.

- Доделувањето на државната награда „23 Октомври“ е свечен чин на чествување на Денот на основањето на Македонската револуционерна организација. Ако не се случеше 23 октомври 1893 година немаше да биде Илинден. Ако не се случеше Илинден 1903 немаше да биде 11 октомври 1941 година. Тоа се три светли датуми на македонската револуционерна борба кои го одбележаа векот на обнова на македонската државност извојувана со стотици илјади жртви, со повеќе стотици илјади раселени лица и со страшната голгота на македонскиот народ, рече Бошевски.

Д-р Танас Вражиновски истакна дека добивањето награда претставува висока чест и признание, но оти доделувањето на највисокото државно признание на Република Македонија за долгогодишно остварување во повеќе области од општествениот живот, а посебно од областа на науката, културата и образованието носи други повисоки димензии и тоа од професионална, државна и национална природа.

- Со оваа награда се валоризираат нашите достигнувања од еден долг период од нашиот животен век целосно посветен на развојот на нашата наука, образование и култура, рече Вражиновски.

На доделувањето на наградата присуствуваа претседателот на Собранието на Република Македонија Љибиша Георгиевски, премиерот Никола Груевски, поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, академици, министри, пратеници, научни работници, како и други претставници на политичкиот и општествениот живот. 

Д-р Танас Вражиновски (1941) својот работен век го посветил на проучување на македонскиот фолклор и македонската етнографија и е меѓу водечките имиња во македонската фолклористика и етнологија.  Автор е на монографиите „Илинденски прозен револуционерен фолклор“, „Македонски историски преданија“, „Народна демонологија на Македонците“, „Народна митологија на Македонците“, „Македонска народна Библија“, како и на повеќе трудови за македонското иселеништво. Неговите истражувања се забележани и од странската научна јавност, зашто објавил трудови во повеќе европски земји кои се цитирани во значајни енциклопедиски изданија. Бил поканет како визитинг-професор на неколку универзитети во Полска.

Проф. д-р Тахир Зајази (1936) својата педагошко-методичарска дејност ја извршува на Факултетот за педагошка и методолошка квалификација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде што предава методика на предавање и учење. Завршил Учителска школа во Скопје, а по дипломирањето на Филозофскиот факултет, група Педагогија, работел како професор во повеќе средни училишта. Има објавено девет научни трудови, учествувал на повеќе меѓународни научни симпозиуми во земјава и странство. Сооработува во повеќе стручни списанија од својата област.

Академик Гане Тодоровски (1929) е афирмиран македонски писател, долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, учебникар, редактор на многу публикации, поранешен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, член на Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија, ПЕН-Центарот, почесен член на сојузите на бугарски и на руските писатели. Оваа година „Матица македонска“ ги објави неговите Избрани дела во десет тома. Тодоровски е водечко име во повеќе полиња на науката и културата, како поет, критичар, преведувач, полемичар, книжевен историчар, а негови творби се објавени во светски антологиски изданија. рп/ми/14:20

 Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

24/06/2026 - среда

Петровденски пости; (пост со масло)

+Св. апостол Вартоломеј; Светиот апостол Варнава; Св. 222 Кинески исповедници и маченици; Празник на иконата „Достојно е“ ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

† Праз. на  икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј  24 јуни/11 јуни / 2026

† Праз. на икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св.Вартоломеј 24 јуни/11 јуни / 2026

Достојно е навистина Тебе да те прославуваме Богородице

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная