Во манастирот посветен на св. Никола во селото Љубанци , по милоста Божја, фрескописувањето на храмот е во поодмината фаза. Во моментов се фрескописуваат сцени. Фрескописот го работи Малка Конеска до асистенција на Дијана.
Кога го прашале еден монах иконописец, како настанува една икона, тој одговорил:
„Со помош на благодатта Божја и раката на грешникот.“
Малка- зограф; дипломиран сликар со насока конзервација и реставрација. По дипломирањето на Ликовната академија во Скопје целосно се посветува на фрескопис.
Дијана- е аполвент на Ликовната академија во Скопје, отсек сликарство.
Убавината во литургискиот живопис е духовна убавина, а не телесна. Оваа уметност е испосничка и скромна, со сиромаштво изразува богатство; и како што Евангелието и Стариот Завет се едноставни и краткоречиви, така и православниот иконопис е едноставен, без непотребни украси и суетна разметливост.
Фотиј Кондоглу