30 септември 2009 год- храмот на св. Петка, во Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 51)
Рече Господ на Своите ученици: „Имајте вера во Бога. Оти, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ,Дигни се и фрли се в море!’ и не посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. Затоа ви велам: сè што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови. Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.“
Во седумнаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, светата маченичка Агатоклија, во храмот на св.Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата, со повеќеминутното биење на камбаната отец Зоран, објави за огнената стихија која целосно го разруши стариот конак, трпезаријата и библиотеката на манастирот Свети Јован Бигорски, и заедно со верниот народ упати молитви кон Бога за духовна моткрепа на браќата монаси.
Посетти: {moshits}