
На денот кога Светата Црква го празнува светиотЕфтимиј нови и преп. маченик Лукијан Антиохијски, во посета на женскиот манастир- Успение на Пресвета Богородица кој се наоѓа под јурисдикција на ОЦА(Православната Црква во Америка) - Романска диоцеза,
беше црковниот хор на МПЦ- Свети Георгиј Кратовски.



При посетата на манастирот се одржа синаксис од страна на преподобната игуманија - мајка Габриела, за потоа да направиме и прошетка низ манастирскиот комплекс и православните гробишта кои се дел од него.
На крајот посетата ја завршивме со учесво во Вечерната богослужба.


Манастирот е оформен пред 20-ина години од страна на сега веќе блажено упокоената игуманија- мајка Бенедикта и нејзиниот брат и актуелен старец на овој манастир- Архимандрит Роман Брага, еден од најголемите духовници на Романската Православна Црква. И двајцата замонасени пред 80-тина години на возрастод 10 и 12 години.


Подготвил: Марјан Радевски
посети:{moshits}