14 октомври 2009 год.- манастир на св. Никола, с.Љубанци (скопско)
Божествена Литургија на празникот Покров на Пресвета Богородица
Тропар, глас 4.
Денес, Богомајко, ние верните луѓе светло празнуваме, штитени од твоето доаѓање и, гледајќи кон твојот пречист лик, умилно говориме: Со твојот чесен омофор покриј не, и од секакво зло избави не, молејќи Го твојот Син, Христа нашиот Бог, да ги спаси душите наши.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 21)
Во она време пристапија фарисеите кон Исуса и Му рекоа: „3ошто учениците Јованови постат често и се молат, како и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ Он им рече: „3ар можете да ги натерате сватовите да постат, додека е со нив младоженецот? Но ќе дојдат дни, кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш, во тие дни, ќе постат.“ Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа од нова облека; оти и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа. И никој не налива ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а и мевовите ќе се упропастат; но ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се запази и едното и другото. И никој, откако пил старо вино, нема да побара ново; оти вели: ,Старото е подобро.’“
Во 19-та недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на Покровот на Пресвета Богородица, преподобен Роман Слаткопоец, преподобен Јован Кукузел во манастирската црква на св. Никола, во с. Љубанци (скопско), отец Дејан отслужи Божествена Литургија.
Посети: {moshits}
Друго:
денарска жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола
девизна жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22
Телефони за донација:
070 / 075 / 077 143 444