ПСАЛМ 31
Блаженство поради простени гревови
1 Блажени се оние, чии престапи им се простени, и чии гревови се покриени!
2 Блажен е оној човек, кого Господ не го смета за виновен, и во чиј дух нема измама!
3 Додека молчев, се сушеа коските мои од секојдневното мое воздишување,
4 бидејќи и дење и ноќе тежеше над мене раката Твоја, се сушев како на летен припек.
5 Тогаш го признав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: „ќе Му ги исповедам на Господ моите престапи,“ и Ти ми ја прости вината на гревот мој.
6 Затоа секој побожен човек нека Ти се моли навреме, и тогаш притисокот од многуте води нема да го достигне.
7 Ти си мое прибежиште, од маката со која сум опкружен Ти ќе ме избавиш; ќе ме опкружиш со спасоносни звуци.
8 „ќе те вразумам,” - вели Бог - „ќе ти го покажам патот, по кој да одиш; ќе бдеат очите Мои над тебе.”
9 „Не бидете како коњ или како маска, кои немаат разум, чија дивина со узда и оглавник се скротува за да ти се покоруваат.”
10 Многу маки ќе го снајдат грешникот; но оној кој има верба во Господ, него милост ќе го опкружува.
11 Веселете се во Господ и радувајте се, праведници: радувајте се сите кои сте со чисти срца.