логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


На 17 октомври 2009 година се изврши осветување на капелата „Св. Климент Охридски“ во Македонската православна богословија во Драчево. Чинот на осветување на капелата го изврши Неговото Блаженство, Архиепископт Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На чинот присуствуваше и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Sample Image
Sample Image   Sample Image
Sample Image    Sample Image
Sample Image    Sample Image
Sample Image    Sample Image
Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски
Слово изговорено на осветувањето на параклисот во Богословијата на 17 октомври 2009 година.
Ваше Високопреосвештенство, господине ректоре, Високопреосвештени браќа архиереи, господине министер за образование, почитувана директорке на Комисијата за односи со МПЦ и верските заедници во РМ, господине градоначалниче на Кисела Вода, професори и ученици - возљубени во Господа,
Еве  уште еден за радост: радост за Македонската Православна Богословија и за Македонската Православна Црква! - Со денешниов чин, со осветувањето на параклисот и благословувањето на просториите на училиштето и интернатот, се привршија работите - поправката и доградбата - со што, конечно, се создадени потребните услови за нормално живеење и сместување, се создадени просторни услови за учење и престојување, како и место за молитва.
Со денешниов чин се исполнија желбите на сите досегашни ученици и професори,  на ректорите и на сите коишто посакуваа Богословијата да има пристојни и училници и спални, и библиотека и трпезарија, и параклис и се што и е потребно на една образовна духовна институција.
Во далечната 1967 година, кога во манастирот Свети Илија Горни, во Скопска Црна Гора, се отвори Македонската Богословија - и професорскиот колегиум и учениците, верувам, не можеа ни да сонуваат вакво училиште; ниту со преместувањето овде во Драчево, истите тие ученици, како ни мојата генерација богослови од 1969 година, пак ќе речам, - не можевме ниту да посакаме, ниту, пак, да имаме вакви услови. На тогашната Богословија на располагање и беа само прилагодената зграда на некогашната општина и доградените приземни делови на источната и западната страна, со скромна и често проширувана барака за трпезарија, која се наоѓаше на местово од сегашниов нов објект. А тогаш бевме скоро уште за половина од вас побројни...
Но,   еве,   даде   Господ,   по   молитвите   на  свети Климент, дочекавме, ако не како ученици, барем да видиме како повозрасни дека и нашата Богословија, не само што веќе не е како што беше, туку е богословско училиште какво што е потребно, богословски центар со кој пред никого нема да се посрамиме. Создадени се услови во кои и може и треба да се постигнуваат подобри успеси од некогашните, што ние ги постигнувавме. Затоа, од името на сите што учеа и се учеа, од името на сите досегашни, сегашни и идни генерации - професори и ученици, да им заблагодариме на сите за дарот и трудот, на сите што дадоа и подарија, на сите што на свој начин се вградија во ова здание, да заблагодариме и да Го помолиме Господа, Дарителот на се, да ги награди за покажаната грижа и љубов кон ова наше училиште.
Возљубени,
Често сум размислувал, и како ученик, и како наставник, и како ректор, па и сега, како поглавар за една констатација, дека каква Богословија имаме - таква и Црква имаме. Само доколку овде, во ова наше училиште, создаваме добри богослови - само тогаш ќе можеме да очекуваме и добри студенти по теологија, ќе можеме да очекуваме и добри пастири и добри работници во македонската нива Господова.
Мисијата на Богословијата, односно мисијата на богословите, е апостолска. И ако секој христијанин треба да биде мисионер и апостол, најпрво и најмногу треба и доликува тоа да биде богословот. И не е доволно само да научиме и да знаеме! - Богословот треба да е личност што ќе зрачи и секогаш и насекаде ќе постапува по она во што верува и исповеда, не заборавајќи дека градењето на христијанската и богословската личност трае колку и човечкиот живот.
Никогаш и никаде не научуваме доволно! - Затоа треба секој ден да се ослободуваме од лошите навики и постапки, трудејќи се да отфрлиме од себе се што е спротивно на христијанските добродетели и евангелските принципи.
Во животот на Светата Црква, од Христовото до нашево време, никогаш немало повеќе аргати отколку жетва (сп. Мт 9,37; Лк 10,2)! Секое време и поставувало или и носело на Светата Црква свои предизвици.   И   нашево   совремие   има  свои.   Имајќи предвид дека, како ученици, овде ги стекнуваме основните богословски знаења - библиски, догматски, етички, литургиски, пастирски и другите, сакам да ве повикам - искористете го времето предвидено со вашите пет години во Богословијата! Учете и научете колку што можете повеќе и подобро! - Нека ми биде и како исповед - најмногу и најдобро научив во Богословијата! Знаењето што го стекнав овде, ми помагаше и на факултетот и потоа, ми помага се до денес...
Со овој новоосветен параклис вие ја добивте најдобрата училница, најпотребната лекција и најбогатата трпеза. Сето што го учите долу во училниците, треба да го практикувате и потврдувате овде: долу теориски, а овде практично ќе го живеете и доживувате Бога. Само служењето и учествувањето во литургискиот живот на Црквата е учествување во животот на Царството Божјо. Бидете свесни дека без Христа Господа нема ни вистина, ни живот, ниту било каква вредност.
Богословијата, со овој прекрасен параклис, заличува на вистинско Светиклиментово училиште: имаме место каде што ги учиме првите духовни чекори, место каде што богословски проодуваме, место каде евангелски се надградуваме и, конечно, еве, место каде што подготвени ќе го примаме Лебот на животот, од Кој никогаш не се огладнува и ожеднува (сп. Јн 6,35).
Нека ни е честит чинот на осветувањето! По молитвите на свети Климента, Охридскиот Чудотворец, патронот на македонската Црква и земја, ова училиште нека создава богослови за достојна служба во нашата Света Црква и богоугодно служење на нашиот благочестив народ, а овој свет параклис нека биде место за спасоносни средби со Господа. Амин!
Sample Image 

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

19/01/2025 - недела

Бoгoјавлeниe – ВОДИЦИ
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Богојавление  6 јануари / 19 јануари 2025

Тропар на Богојавление 6 јануари / 19 јануари 2025

     Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,       се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:      Родителскиот глас сведочеше...

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари  2025

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2025

Глас 3Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная