9 декември 2009 год.- Соборниот храм на св. Климент Охридски, Скопје
Тропар на светиот, глас 4.
Со зборови си ги упатил народите во верата Божја,со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте.
Во Соборниот храм на св.Климент Охридски, во Скопје на 8 декември 2009 година, во дваесет и седмата недела по Педесетница, кога Света Црква го слави споменот на свети Климнет Охридски и светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски, Неговото Блаженсво Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Горазд , Епископот Хераклејки г. Климент, и свештенството на храмот и Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија. На Божествената Литургиа присуствуваше и заменикот на Одделот за надворешни работи на Руската Православна Црква протоереј Николај Балашов. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата
Мр. Живко А. Поповски - Цвети на протоерејот Николај Балашов му подари три свои слики во акрилик техника со шпакла.
Од кабиметот на Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан
Во Скопје, на денот на св.Климент Охридски
Друго:
Посети: {moshits}