Македонската Православна Црковна Општина Свети Климент Охридски –Копенхаген –Данска , својот патронен празник го прослави во сабота, 05.12.2009 година.
На крајот се благослови и прекши празничниот леб припремен од кумовите-домаќините за оваа година Блашка и Љупчо Орловски од Копенхаген.
За наредната година се јавија за кумови-домаќини Голабинка и Ване Дурацовски исто така од Копенхаген.
За значението на празникот зборуваше прота-ставрофор Блажо Кожарски. Најпрвин пренесе благослов и поздрав по повод храмовиот празник од надлежниот архиереј на Македонската Православна Епархија за Европа Митрополитот Европски г. Пимен, кој заради други обврски во епархијата беше спречен да ја сподели радоста со членовите на црковната општина. Потоа зборуваше за значението на Свети Климент за македонскиот народ од Неговото време па се до денес.
Присуството на верниот народ УО на МПЦО„Св.Климент Охридски“-Копенхаген, го потсети и на акцијата за собирање на сретства за возобновување на манасирскиот конак во Бигорскиот манастир во Република Македонија.
Во црковната сала за сите присутни од страна на домаќините беше сервирана посна вечера.
За многу години и честит празник.
Известува: прота- ставрофор Блажо Кожарски