Патрониот празник на Македонската Православна Црква, Свети Климет Охридски, (иако во Шведска е работен ден) свечено беше прославен и во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме.
Денес 08.12.2009 година во Соборниот храм на МПЕ за Европа по повод празникот се отслужи Света Литургија. Светата Литургија ја отслужи парохискиот свештеник во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме, прота-ставрофор Блажо Кожарски во сослужение на епархискиот ѓакон Илија Спасевски. На крајот верниот народ се причести со Светите Тајни Христови. Исто така беа благословени и прекршени лебови во чест на празникот.
Нека ни е честит празникот и за многу години.
Известува: прота- ставрофор Блажо Кожарски