логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Korica.SvetaRusija.jpg

Игумен Никола (Трајковски)
Света Русија
(записи од Македонија)

Света Русија (записи од Македонија) е исклучително значаен и обемен научно истражувачки труд во авторство на игумен Никола (Трајковски), кој неодамна е објавен како издание на книгоиздателството Темплум.
Оваа книга, според методологијата на научниот пристап и според полето на истаржување, може да се вброи во оние ретки трудови во кои едновремено се отвораат многу прашања важни не само за црковната историја во Македонија, но и се поставуваат поинакви перспективи во однос на анализата, толкувањето и превреднувањето на правците во кои се развива духовниот живот на овие простори. Пред нас е авторски подвиг кој ни открива нови, поинакви можности на „читање“ на историските факти.
Игуменот Никола (Трајковски) смело зачекорува во предизвикот на интердисциплинарното контекстуализирање на теолошкиот и историскиот дискурс, па на тој начин Света Русија, станува привлечна не само за специјалистичките интереси.
Самиот автор уште во воведот нè упатува дека во овој труд се предложува една тема, мошне значајна за поновата историја на Црквата во Македонија. Станува збор за историски  преглед на животот и на дејствувањето на руското духовништво во Македонија во текот на ХХ век, како и за извесни  согледувања во врска со придонесот на руското свештенство и монаштво за црковниот живот на овие простори. Сето ова е прецизно научно, но и со стилски особености кои имаат и книжевна вредност, проследено низ три обемни поглавја во кои дополнително се фрагментира и елаборира разработката на темите уште во шест подпоглавја.
„За  оваа тема досега е пишувано малку, но од друга страна, допрва се создаваат  услови правилно да се согледаат историските  процеси на црковниот живот во Македонија во ХХ век, од една еклисиолошко-историска  перспектива. Богатиот корпус од теми во тој поглед се мошне значајни и заради разбирањето на актуелната состојба во која последниве децении опстојува Охридската архиепископија, возобновена во лицето Македонската православна црква. Такви се прашањата за црковните јурисдикции во Македонија во текот на ХХ век, богословите и богословските идеи во истиот период, новомачениците и исповедниците на православната вера, свештенството и парохискиот живот, монаштвото во македонските манастири и други теми, за кои многу малку или воопшто досега и не е пишувано. Во сите аспекти на тој црковен живот улогата на руското духовништво во Македонија е особено важна. Ќе видиме дека историските околности создаваат една специфична и плодоносна средба на две православни култури, на руската и македонската, различни по развој и динамика но исти по вера и по дух, кои и припаѓаат на Едната и Соборна Христова Црква.“, бележи авторот.
Извонредната духовна мисија на руските мигранти и монаси во  Република Македонија беше една од неистражените теми во македонската историографија, во историјата на македонското православие, а во тие рамки и на историјата на монаштвото во Македонија како едно од најстарите и најдолготрајни начини на остојување и одржување на континуитетот на црковното живеење. Во својот предговор за книгата професорката Виолета Ачкоска забележува:
 „Низ страниците на трудот на игуменот Никола уште еднаш ги проживуваме животните  искушенија и делата на руското духовништво  кое остави траен белег на македонската почва и се вгради во целокупната  историја на Македонската православна  црква. Во тие рамки, посебно место  заземаат оние учени богослови кои обавуваа професорска дејност во битолската Богословија „Свети Јован  Богослов“: архимандрит Кипријан (Керн), протоерејите Јован Иванович Сокаљ  и Алексеј Моргуљ, јеромонасите Јован (Максимович), Николај (Карпов), Инокентиј (Анисимов), како и неколкумина руски  мирјани (Сергеј Наумов, Владимир Тимофеев, Николај Шуба, Виктор Квачадзе)... Токму  во оваа Богословија своето образование  го оформиле повеќе македонски епископи и свештеници кои беа носители на црковниот живот во Македонија по Втората светска војна.
      Во  тивката молитва, со Божјата милост сплотени во христијанска љубов и бденија се овековечени и руските монаси и монахињи кои во одделни периоди биле единствените чувари на манастирите, грижливо внимавајќи на нашето културно наследство. На тој начин, одржувајќи ја традицијата, тие оставиле неизбришлив духовен белег во богатата историја на бројни македонските манастири. Тие заедно со македонските верници и отци - богослужители ги преживуваа тешките времиња на комунистичкиот атеизам, на информбировските чистки, на репресијата и повременото замирање на животот во многу манастири.“

Книгата на игумен Никола (Трајковски), Света Русија (записи од Македонија), со својата аналитичност, но и едновремена духовна емпатија во која човечките димензии заземаат важно место, е вонреден труд кој ќе остави важна и неодминлива трага во македонската историска и теолошка мисла.

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

23/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски; Светите маченици Александар и Антонина; Свети Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная