Чествувањата во црковната општина свети Наум Охридски започнаа со патрониот празник во годината во која славиме 1100 години од неговото блажено упокојување во Господа, кога и се отслужи вечерна богослужба а наредниот ден и света литургија отслужена од парохискиот свестеник о. Блажо Ккожарски и свестеноѓаконот Илија Спасевски а на која присуствуваше и надлежниот митрополит Пимен, по неговото враќање од италијанските општини, кој и го благослови славскиот колач.
Чествувањата продолжија и во наредните денови на Бадник, како и на Рождеството Христово.
Истиот ден, владиката Пимен со о. Блажо и о. Илија им го благовести рождеството Христово на верниот народ во Данска, во Ц. О. Св. Климент Охридски во Копенхаген на вечерната богослужба. Наредниот ден се богослужеше во соседните градчиња Векше и Еслев, во јужна Шведска, каде има наши помали заедници.
Се славеше и невечерието на празникот Обрезание и св. Василиј Велики како и доаѓањето на новата година по јулијански стил со вечерна богослужба и полуноќница на полноќ на која беше прочитана и молитвата за благословување на новата година.
Потоа народот продолжи со прославувањето во стилот на Македонската традиција со песни, ора и делење на празничната пита со паричка.
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://preminportal.mk/images/Malmo_Bozic_NG10
Известува: прота- ставрофор Блажо Кожарски