логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


   

„Како човек Си дошол на реката, Христе Цару, и се брзаш да примиш крштение како слуга, Благи, од раката Претечева, заради нашите гревови, Човекољупче.“ (тропар при осветување на Богојавленската вода)

vozdvizenie.jpg

vozdvizenie.jpg

Без покајание човекот не може да се освети, а Бог постојано и на различни начини нè повикува на покајание; Бог не го посетил својот народ без објава на Своето доаѓање, со векови Тој му праќал пророци на избраниот народ и Неговото доаѓање не било неочекувано. Преку гласот на своите пророци и проповедници, преподобни отци, маченици и светители, нашиот благ Господ постојано го навестувал Своето јавување и ги поттикнувал луѓето на покајание. Овој повик : Покајте се! се слушал непрестајно, уште од времето на Адама па сè до Христа, но најгласно одекнал преку строгиот и силен глас на Претечата, кој  ги разбудил луѓето, ја променил нивната совест, повикувајќи ги  да се очистат од гревовите преку бањата на покајанието, да ги исправат патиштата на порочниот живот и да ги променат размислувањето на скверниот ум.

Водени од овој глас, реки од народ со брзање оделе кон Јордан во покајание за да се крстат, а меѓу нив, незабележително се движела и светлата фигура на светиот и безгрешен Спасител, Христос, Кој како најобичен човек, дошол на реката Јордан да се крсти за да го исполни Законот и секоја правда.

 И како што секој настан поврзан со Спасителот и сиот Негов живот, е неповторлив и единствен, исполнет со необјасниво длабоки тајни и недостижни за умот - созерцанија, така чудесна и посебна е и самата средба на Христа со св. Јован, кога Крстителот со страв Божји и беспоговорно послушание Го крштева Оној Кому не Му е потребно крштевање, го потопува со вода Оној Кој го потопил самиот грев, се допира до Оној Кој единствено крштева со оган и Дух, го покажува Јагнето Божјо за Кое сведочи и Самиот Отец небесен, со слегувањето на гулабот - Светиот Дух.

Денес се крштева и се просветува Оној, Кој Самиот осветува сè: водата и воздухот, природата и сите созданија, целата земја и сета вселена. Бог се приближува кон човекот и му се јавува на светот, се отвораат небесата и човековата природа се очистува, станувајќи нова твар. Нов живот започнува за човекот, нова можност за повторна заедница и примирје со Бога Создателот, Кој одново го покажува Своето големо Човекољубие.

Со Христовото крштевање во Јордан јасно се открива Света Троица пред човештвото, се разоткрива тајната на троединото Божјо битие. Таа голема тајна не само за земјата туку и за небото, Спасителот, ја приближил до нас луѓето на Јордан, за духовно просветувајќи се да ги спознаеме најдлабоките Божествени тајни, да го просветлиме нашиот ум, да се очисти нашето срце и да се облагороди нашата душа, која препознавајќи Го Својот Создател, вечно ќе Го љуби и слави, почнувајќи уште овде на земјата и во вечниот живот во Царството Небесно.

Сето ова се навестуваше низ чудесните стихири на утрената претпразнична служба на Богојавление и царските часови, кои го исполнуваа тивкиот Бигорски храм за време на сеноќното бдение во навечерието на празникот. Кумовите од сите околни села веќе беа тука на традиционалното врзување на крстовите и со радост го очекуваа мигот кога ќе се освети Богојавленската вода, за да можат да им го однесат благословот на Претечата на своите православни собраќа од живописните мијачки села. И најпосле,  некаде во раните утрински часови по Василиевата Божествена Литургија, присутните верници и кумовите од околните села во свечена литија се упатија кон фијалата, во која игуменот, Архимандрит Партениј, изврши водосвет и ја благослови богојавленската вода, со која потоа тој ги пороси сите присутни и изворите што се наоѓаат под самата црква.

 Следниот ден, пак, на самиот празник Богојавление – Водици, верниците кои во голем број пристигнаа во манастирот, се собраа во Ростушкиот храм, од каде, по отслужената Божествената Златоустова Литургија, во литија се упатија кон реката Радика, за да присуствуваат на водосветот што го изврши Архимадрит Партениј и фрлањето на крстот. Божјата промисла сакаше и оваа година, веќе трет пат по ред, крстот да го фати Томислав Божиновски од с. Ростуше. За пофалба беше благочестивиот гест на градоначалникот на Ростуше, г-дин Мукрем Мехмети, кој на најсреќниот што го фати крстот, му подари комјутер со целосна техничка опрема, а нашиот долгогодишен спонзор „ХА-ЕМ“, повторно го израдува со пригоден подарок – телевизор. 

 

vozdvizenie.jpg vozdvizenie.jpg

 

Известуваат: сестрите од Рајчица


 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

13/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная