логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Моштите на св. Серафим Саровски, од Бигорската обител донесени во Скопје

Во предвечерието на  25 ден од првиот месец(стар стил) кога Црквата го празнува споменот на светиот Григориј Богослов и светиот Владимир Киевски, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Поврдарски г.Агатангел во параклисот на Македонската Православна Богословија беа донесени моштите од  големиот светилник на Црквата светиот Серафим Саровски Чудотворец. Моштите од Бигорскиот манастир ги донесе о.Горан придружуван од група верници. Беше извршена и литија со светите мошти од дворот на богословијата до параклисот. Потоа беше отслужено повечерие со акатист кон преподобниот. 

06.02. 2010 год.- Бигорски  манастир

Vecerna.Ksenija.jpg

Ах, каква е неопислива Христовата љубов. Тој, Премилиот, е како најблескаво сонце кое штедро ги распростира своите нежни зраци на љубов и продирајќи и во најмрачните јами, ги лови скаменетите души што талкаат во темнината на гревот, ги стоплува и изведува од мрачното ропство. А светителите – тие се Негови огледала. Како мали стакленца кои, огреани од сончевите зраци, наеднаш ќе блеснат со необична убавина и сјај. Па, зрачејќи од топлина и љубов, во себе го одразуваат она бескрајно Христово човекољубие. Ете такво огледалце беше љубвеобилниот Саровски подвижник. Со својата љубов, која забораваше на себе, целиот се предаде на служба за своите заблудени браќа, трудејќи се неуморно да ги оживее, стопли, исцели и спаси студените и помрачени души. Неговото срце, отворено за сите што му притекнуваа во своите неволји, беше како раширена прегратка, благите и нежни зборови – како мелем што смирува и приближува кон Бога, а молитвата – неуморно застапништво за овој грешен свет.
 Затоа, неискажлива ни е радоста што овој миленик на Пресветата наша Владичица, Богородица, нè удостои со делче од неговите свети мошти и го благослови Бигорскиот свет манастир. Со тоа, ова мило старче ја благослови целата наша сакана татковина. Ја покри со својата молитва и љубов. И како што велат: љубовта раѓа љубов, нашиот благочестив, верен народ топло му возврати на големиот духовен светилник и украс на Саровската обител.

 Водени од огромна почит и љубов кон светителот, голем број на верници од Скопје, заедно со свештеникот Горан Тасевски, побараа благослов од игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, да ги земат во Скопје моштите на Св. Серафим Саровски, па така да им овозможат на своите собраќа од овој град можност да се поклонат на светите мошти од овој голем Божји угодник и да го побараат неговото молитвено застапништво пред Бога за духовно просветување на оние кои сè уште не ја спознале големината на Божјото милосрдие и љубов.

  Vecerna.Ksenija.jpg

 Испраќајќи ги достојно од својот манастир моштите на славниот руски подвижник, монасите и присутните верници во литија, проследена со торжествени химни и тропари, ги пренесоа до влезот на манастирот светите мошти, каде игуменот, о. Партениј му ги предаде моштите на о. Горан, придружувајќи ги кон нив и своите искрени молитви и желби, светителот, преку своите мошти да им ја излее на жителите на град Скопје својата огромна благодат и да ги разбуди духовно умртвените и заспаните во грев.

   Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

Скопје, 06.02.2010 г. -  Македонска Православна Богословија

 Моштите со големо торжество беа пречекани најпрво од учениците на Богословијата и со свечена литија пренесени до параклисот во рамките на Богословијата каде пред нив беше прочитано повечерие со Акатист кон светителот. Голема беше и видлива радоста на младите богослови и идни свештеници, што Саровскиот пустински крин го посети нивното училиште, ширејќи ја насекаде својата благопријатна духовна миризба. И навистина прекрасна беше глетката кога цветно – украсените свети мошти носени на рацете од свештеникот минуваа низ свечената поворка од ученици, додека громогласно одекнуваа византиските стихири во чест на светителот.
Радувај се Свети Серафиме, Саровски чудотворче! 

Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

 Vecerna.Ksenija.jpg

(Продолжува)

Известуваат:

-  учениците од МПБ

- сестрите од манастирот во Рајчица

 

 Друго:

Светите мошти на св. Серафим Саровски ќе пристигнат во Скопје на поклонение (05.02.2010)

 

 

 

 

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски-Недела I по Педесетницa

,,Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

« »

Православен календар

 

13/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (на риба)

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная