Света Земја Ерусалим
Поклоничка програма за православни верници
ВЕЛИГДЕН И БЛАГОВЕШТЕНИЕ ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА
02.04.2010 – 09.04.2010
8 дена/7 ноќи
Ден први
02.04.2010 ( Велики Петок)
Состанок на групата пред Соборниот храм Св. Климент Охридски
( во __:__ часот ). Молебен за среќен пат. Трансфер Скопје - аеродром Софија.Полетување од Софија, за Тел Авив во 10: 50 часот со El Al Israel Airlines. Слетување на аеродромот Ben Gurion во Тел Авив во 13:15 часот. Средба со водичот на групата и трансфер до Ерусалим.
Долина на Крстот . Манастир на Светиот Крст, изграден на местото
каде израснало дрво, од кое бил изработен крстот на кој бил распнат
Спасителот Господ Исус Христос.
Елеон . Рускиот Спасо – Вознесенски манастир. Место на прво и второ наоѓање на главата на Св. Јован Крстител и Претеча.Место на Вознесението на Господ Исус Христос.
Гетсиманија.
Гетсиманиска градина. Руски манастир Св. рамноапостолна Марија Магдалена. Црквата на Сите Нации- современа црква, изградена на местото на стариот византиски храм. Во Гетсиманиската градина Спасителот Господ Исус Христос ги поминал последните часови, молејќи се, пред да биде предаден. – “ Оче мој, ако е можно нека ме одмине оваа чаша, но не како јас сакам , туку како Ти !“ Toj се молел. Апостолите спиеле. На улиците на Ерусалим се слушале чекорите на стражата...
Храм Успение на Пресвета Богородица.
Гробот на Пресвета Богородица.
Чудотворната Ерусалимска икона на Божјата Мајка и др. светињи.
Витезда. Место каде што Спасителот Господ Исус Христос ги лечел болните.
Црква Рождество на Пресвета Богородица. На тоа место според
преданието живееле Св. прав. Богоотци Јоаким и Ана- родители на
пресвета Богородица.
Патот на страдањето Виа Долороза.
Лифостратон – место каде што Понтиј Пилат го осуди Спасителот Господ Исус Христос ( дополително се наплаќа посета на музејот).
Планина Сион. Гробот на Цар Давид.Според христијанското предание следните настани се случиле на Сион : Тајната Вечера ( тајната на Светата Евхаристија ), слегување на Светиот дух и основањето на првата христијанска заедница и Црква. Храм Успение на Пресвета Богородица.
Долина Акелдама. Манастир Преп. Онуфриј Велики.
Вечера.
Ноќевање во хотел Ерусалим.
Ден втори
03.04.2010 ( Велика Сабота)
Појадок.
Слегувањето на Благодатниот Оган на гробот на Спасителот Господ Исус Христос.
Одмор во хотелот.
Вечера.
23:00 Велигденска богослужба во Храмот на Гробот Христов.
Ден трети
04.04.2010 ( Недела) Воскресение Христово Велигден
00:00 Велигденска Богослужба во Храмот на Гробот Христов.
02:00 Литија. Велигденска утринска литургија.
Собор на Руската духовна мисија -
Литургија во Троицкиот Храм (како опција )
Враќање во хотелот околу 5 часот наутро.
Одмор и велигденска гозба.
Појадок.
Храмот на Христовото Рожденство .
Витлеемско Поле, каде се случила средбата меѓу Рута и Вооз. Тука
поминало детството и младоста на цар Давид кој добил благослов
(помазание) од пророк Самуил да биде Цар. Подземна црква сместена
во пештера , каде ноќта пред Христовото раѓање на овчарите им се
јавиле ангели, наговестувајќи го Христовото раѓање.
Манастир Св. Теодосиј. Манастир Св. Сава Осветен.
Хеброн. Мамвриски даб.
Црквата на Николај Чудотворец во Бејт Џале.
Вечера.
Ноќевање во хотел во Витлеем.
Ден четврти
05.04.2010 ( Понеделник)
Појадок.
Одјавување од хотелот
Заминување за Назарет по долината на реката Јордан.
Пустина на Светиот Град. Така биле наречени сите манастири
и лаври во Јудејската Пустина на брегот на Мртвото Море и реката
Јордан. Манастир на Св. пр. Герасим Јордански.
Манастир преп. Георгиј Хозевит.
Јерихон. Планина на искушенијата .
Манастир на Св. пророк Елисеј. Дрво на Закхеј.
Вифанија. Гробот на Св. Лазар. Место на чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Спасителот Господ Исус Христос.
Вечера.
Ноќевање во Назарет.
Ден петти
06.04.2010 ( Вторник)
Појадок.
Река Јордан. Потопување во светите води на реката Јордан.
Изворите на оваа позната река се наоѓаат на планината Емрон во
Западна Палестина, а се влева во Мртвото Море. Од сите реки бил
Избран големиот Јордан . Во неговите води биле измиени сите гревови.
Во неа Св. Јован Крстител го крстил Спасителот Господ Исус Христос, и од тука тој ја започнал својата служба. До денешен ден доаѓаат луѓе од сите страни на светот за да бидат крстени во оваа вода, понесувајќи и малку вода за благослов во своите домови.
Галилејско Море. На брегот на Галилејското море Спасителот Господ Исус Христос ги избрал своите ученици од рибарите, и ги повикал да служат како апостоли. Тука тој проповедал, правел чуда, им се јавил на апостолите по своето Воскресение.
Гора на блаженствата. Местото на Првата проповед на Спасителот Господ Исус Христос.
Табха. Место каде Спасителот Господ Исус Христос се јавил втор пат на своите ученици, Апостол Петар и останатите Апостоли.
Дел од Руската духовна мисија во Магдале - местото каде што Спасителот Господ Исус Христос ја исцелил Св.Марија Магдалена.
Вечера.
Ноќевање во Назарет.
Ден шестти
07.04.2010 (Среда) Свето Благовештение
Назарет. Црква Св.Архангел Гаврил кај изворот на Пресвета
Богородица.
Празнична Литургија .
Појадок.
Одјавување од хотелот.
Црква Благовештение над домот, каде живеело Светото Семејство.
Планина Тавор. Храм на Светото Преображение.
Кана Галилејска. Црква во чест на првото направено чудо на Спасителот Господ Исус Христос претварајќи ја водата во вино на една свадбена веселба.
Капернаум. Ниту еден град – ниту Витлеем, ниту Назарет, како и самиот
Ерусалим не го добил името “ Негов Град “ како што го нарекувале
Евангелистите. Манастир на Св. Дванаесет Апостоли.
Патување до Средоземно Море.
Постои можност :
Прва варијанта - Манастир Кармелинов. Пештера Св. пророк Илија.
или втора варијанта -
Лида. Храм посветен на Св.вмч. Георгиј Победоносец.
Јафа. Стара Иопија, каде проповедал апостол Петар и ја воскреснал
прав. Тавита. Храм посветен на Св.Апостол петар. Манастир прав.Тавита.
Вечера.
Ноќевање во Бат Јам.
Ден седми
08.04.2010 (Четврток)
Појадок .
Слободен ден на Средоземно Море.
Вечера.
Ноќевање во Бат Јам.
Ден осмми
09.04.2010 ( Петок)
Одјавување од хотел.
Трансфер до аеродром Ben Gurion во Тел Авив во 03:30 часот. Полетување за Софија во 07:00 часот со а/к El Al Israel Airlines. Слетување во Софија во 09:45 часот. Трансфер аеродром Софија- Скопје.
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ........57.500,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- трансфер Скопје - аеродром Софија - Скопје ;
- авионски билет релација Софија -Тел Авив - Софија со а/к El Al Israel Airlines;
- трансфер во Тел Авив: аеродром- хотел -аеродром;
- сместување во хотел *** во 1/2 соби на база полупансион;
- транспортни улуги според програмот;
- услуги на туристички водич;
- организација и водство на патот.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Влезници за :
- Витезда - 2 $
- Место на Вознесение - 1.5 $
- Место на Светиот Крст - 4 $
- Гробот на Св. Лазар - 1.5 $
- Лифостратон - 1.5 $
- Јордан - 1.5 $
- Патување со брод - 6 $
- Ручек на Галилејското Море - 10 $
- превоз до Манастир преп. Георгиј Хозевит - 10$
- превоз до врвот на планината Тавор - 6$
- надоместок за водичот и возачот на автобусот - 4 $на ден
- трошоци кои ќе ги направи гостинот, а не се предвидени со програмата.
Гратис: патничко осигурување
Потребни документи :
- фотокопија од пасош
- доколку не поседувате биометриски пасош (ќе биде потребна транзитна виза за Бугарија) потребни документи : фотокопија од пасош, слика со бела позадина со димензии
3,5 cm x 4,5 cm, апликација да се потполни во агенција.
За реализација на ова патување важат општите услови на Т.А. НИКЕКС
Рок на пријавување до 05/02/2010 со предоплата од 50% од цената на аранжманот, целосна доплата на аранжманот до 05/03/2010
* Туристичката агенција Никекс го задржува правото на промена на цената на аранжманот поради променливата вредност на аеродромските такси.