Во неделата на Православието, на 21 фебруари 2010 година, на денот кога го празнуваме светиот пророк Захариј и светиот Теодор Стратилат, во Македонската Црковна Општина Свети Никола во Виндзор, Канада Прото-ставрофор д-р Александар Мустеников отслужи Божествена Литургија. По богослужбата, членовите на оваа заедница го одржаа своето редовно годишно собрание. На ова собрание се заокружија и потенцираа успесите што ги постигнува оваа установа на верски, општествен, културен и финансиски план, под водство на претседателот Менде Талески и Управниот Одбор.
Председателот ги информира членовите дека во измината година покрај нормалниот литургиски живот се организирани и повеке од 100 настани од разни области. Притоа тој потенцира дека се работело разумно и рентабилно и дека со пожртвувана доброволна работа и лични донации во реновирањето на овој центар се заштедени значителни сретства, а долговите према банките се во целост исплатени.
Досегашниот председател Менде Талески поднесе оставка и оваа должност до наредното изборно годишно собрание му беше доверена на досегашниот подпредседател Томе Дамчевски.
Томе Дамчески е член на оваа Црковна Општина повеќе од 25 години и активно зема учество во работата на Управниот Одбор во повеќе наврати при што како претседател на Управниот Одбор волонтира во периодот од 1988 год. до 1990 год. Неговиот ангажман како менаџер на банкетните сали, заедно со ангажманот и пожртвуваната работа на членовите на Управниот одбор проценето е дека во однос на работата на банкетните сали заштедува околу $40000.00 годишно.
Присутните членови едногласно им доверија поверение на новиот председател и управата, која со мали измени и дополнувања, ќе продолжи, се надеваме успешно да работи до крајот на мандатот во 2011 година .
Информира Г. Стефанов