„Пресвета Богородица“ во Чикаго
Како и секоја сабота, така и во оваа, наспроти третата недела на Великиот Пост, во Рускиот Богородичен Храм во Чикаго се отслужи свечено Бдение. На крајот на Големото Славословие торжествено беше изнесен Чесниот Господов Крст и поставен на средината на Храмот.
Потоа следуваше крстовидното кадење на четирите страни од Крстопоклона Недела во рускиот Храм „Покров на четирите страни, при што свечено одекнуваше пеењето на тропарот: „Спаси Господи људи Твоја...“
Свештенството и народот, паѓајки на колена Му оддаваа почит на овој прекрасен „чувар на вселената“ и „украс на Црквата“, додека торжествено се пееше: „Кресту Твоему поклањаемсја Владико и свјатое Воскресение Твое славим.“
Потоа, при пеењето на Крстопоклоните стихири, многубројните верници поединечно пристапуваа и Му се поклонуваа на Крстот, а владиката Кливландски
Петар ги помазуваше со елеј.
Во Неделата беше отслужена Света Архиерејска Василева Литургија со која чиноначалствуваше владика Петар.
И на Бдението и на Светата Литургија владиката изрече прекрасни проповеди со кои објасна како Црквата премудро одредила на средината на Великиот Пост да биде изнесен Чесниот Крст како поткрепа за верните, а посебно оние што духовно ослабнале и се измориле од постот, да издржат до крај со Великопосниот подвиг и радосно да го дочекаат Празникот над Празниците – Христовот Воскресение.
„Пријдете, верни, на животворното Дрво да се поклониме, зашто Христос, Царот на славата, откако на него доброволно рацете ги рашири, не вознесе кон првобитното блаженство, од кое порано не лиши непријателот поради наслада, и не протера далеку од Бога. Пријдете, верни, на Крстот да му се поклониме, со кого се удостоивме на невидливите непријатели главите да им ги скршиме. Пријдете, сите племиња и народи, со нашите песни на Крстот Господов почит да му оддадеме. Радувај се, Крсту, на паднатиот Адам совршено избавување! Со тебе се фалат најверните наши цареви. Ние, Христијаните, со страв сега те целиваме, на тебе Бога прикованиот Го славиме, говорејќи: Господи, Кој на него се прикова, помилуј не, како благ и човекољубец.“
(Посен Триод, од Стихирите кои се пеат за време на поклонувањето на Чесниот Крст).
За Преминпортал, од Чикаго: С.Л.
Кресту Твојему {mp3}Krestu_Tvojemu{/mp3}
Крест Хранител {mp3}Krest_Hranitel{/mp3}
Прокимен Спаси Господи {mp3}Prokimen_Spasi_Gospodi{/mp3}