Во третата недела од Великиот Пост, кога Православната црква го слави чесниот и животворен крст, Неговото Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, заедно со свештениците од црквата Св. Петка, отслужи Света Божествена Литургија. Верниците се причестија со Телото и Крвта Христови. После завршувањето на Литургијата, повторно беше приредена духовна академија со настап на дечињата од истоимениот храм, кои во своите песнички го воспеваа и славеа Св. Крст. Неговото Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, му врачи скромен поклон на Јованов Дејан, кој имаше можност прв да дојде до крстот кога се фрлаше за време на Богојавленските празници во населбата Кисела вода.
Фото: Александар Божиновски