Гласот за воскресението на Лазар се пренесе во Светиот Ерусалим.
Следниот ден Нашиот Господ и Спасител Исус Христос, Кралот на кралевите, најсвечено пречекан влегува во Ерусалим. По него одат многу луѓе од Витанија да посведочат за вистината. Неговата слава и успех преставувале неуспех и понижение за злобните еврејски старешини кои решиле да го осудат на најтешка смрт, распнување на Крст. Христовото влегување во Ерусалим всушност е Негово доброволно тргнување кон страданијата и распнувањето на Крстот за спасението наше.
На 28 март 2010 година, во шестате недела од Великиот пост, кога го празнуваме Влегувањето Христово во Ерусалим, во МПЦ Свети Никола од Виндзор, Канада, неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско - Канадски господин Методиј служеше Божествена Архиерејска Литургија во сослужение со прото-стврофор д-р Александар Мустеников, ѓаконот Стеван Бајрактаров и ипо-ѓаконот Димитар Башевски.
Владиката Методиј во својата беседа го потенцира тоа дека Христовото влегување во Ерусалим, кротко и смирено качен на осле, треба да ни биде потик за подвиг во смирение низ целиот живот.
Отец Мустеников зборуваше за потребата од наше искрено учество во овој циклус на специфични празници на страсната недела, празници кои даваат можност на верниците да постанат не само формални посматрачи на последниот чин од драмата на спасението туку и вистински учесници во истите; за на крајот да ја доживеат радоста од епилогот на настанот над настаните, Христовото воскресение
Богосжубите во Виндзор редовно се масовно посетени, а посебно на големите празници и во деновите кога не посетува нашиот владика.
Многумина од присутни парохјани се причестија и сите понесоа во своите домови осветени палмови гранчиња.
Потоа на зеадничката братска трпеза претседателот Томе Дамчески во името на Управниот Одбор и парохјаните му посака добредојде на митрополитот Методиј. Многумина од присутните, исто така срдечно го поздравија Владиката и пријдоа да поразговараат со него. На мноштвото дечиња, дедо Методија им подари крвчиња.
За ПреминПортал, од Виндзор: Глигор Стефанов