Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен за Велигденските празнувања 2010г. кратко време престојуваше во Јужно-европското намесништво на својата епархија со седиште во Неиве, Р. Италија, при што беше во посета и богослужеше во македонските православни храмови „Св. Архангел Михаил“, Неиве, „Св. Прохор Пчински“, Пјаченца - Р. Италија и „Св. Наум Охридски“, Тринген – Швајцарија.
Агендата предвидуваше сега веќе да престојува во посета на Западно-европското архиерејско намесништво односно во Македонската црковна општина во Дортмунд и во МПЦО „Св. Никола“ во Мајнц каде стартуваат градежните активности за изградба на македонски православен храм, а од тука повторно на службено патување до епархиската резиденција во Малме, Шведска, но само за кратко бидејќи беше потребно поскоро да замине во Виена каде треба да започне зографисувањето на црковниот иконостас при МПЦО „Св. Наум Охридски“.
Во меѓувреме е предвидена и посета на црковната општина во Минхен и спомен плочата на св. Методиј во Елванген... Но, поради отежнатиот и прекинат авионски и железнички сообраќај во Европа, критична состојба предизвикана од активноста на вулканот во Исланд, беше принуден да го одложи реализирањето на оваа програма, но само за неколку дена, кои пак ќе ги искористи работно во Македонија каде ќе заврши голем број подготвителни работи за започнување на уште многу црковни проекти во Европската епархија.
Во неделата на жените мироносици Архипастирот г. Пимен богослужеше во црквата Св. Архангел Михаил во Неиве, Р. Италија заедно со парохискиот свештеник о. Михајло Матевски. По службата се сретна и разговараше со повеќе верници.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА
Од канцеларијата на
Јужно-европското намесништво
на ЕЕ за МПЦ