Охрид, 6 мај 2010 год.-
Вечерва започнува Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид, на која присуствуваат претставници на верските заедници од над 30 држави од неколку континенти.
„Со одржувањето на првата како и на втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, Република Македонија покажа и докажа дека е лидер во регионот во насока на почитување на верските права и културната разноликост кои што се темел на мирот, благосостојбата и просперитетот,” изјави министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.
Таа додаде дека оваа конференција се одржува во време кога имаме три значајни јубилејна, а тоа се 100 години од раѓањето на Мајка Тереза, 1100 години од упокојувањето на Св. Наум и 1400 години од објавувањето на Коранот.
На Конференцијата ќе присуствуваат и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов како и премиерот Никола Груевски.
„Големиот број на претставници од сите верски заедници од над 30 држави, големиот број експерти, научни и културни работници, професори и претставници од невладиниот сектор кои ќе присуствуваат, ја потврдуваат заедничката заложба сите заедно да работиме во унапредување и јакнење на мирот, стабилноста и соработката и пред се ја истакнуваат виталната важност на религијата, културата и ги унапредуваат универзалните вредности,” истакна Канческа Милевска.
Исламската верска заедница активно ќе учествува во Конференцијата и покрај најавите дека ќе го бојкотираат настанот.
Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, најави дека се уште има можност да присуствуваат одредени претставници од Српската православна црква.
Втората Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог е во организација на Министерството за култура на Република Македонија во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и со верските заедници во Република Македонија.
Финансиски е подржана од Владата на Република Македонија, УНЕСКО, шпанските фондови за остварување на Милениумските развојни цели во рамките на Обединетите нации и Фондацијата на Холокаустот и Евреите во Македонија./крај/ко Макфакс
За Преминпортал: фото Станимир Неделковски
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://preminportal.mk/images/SKMMD2010