Архиепископ Јарославски и Ростовски г.Кирил: Русите ќе се стремат да се надминат поделбите во православието
Охрид, 8 мај 2010 (МИА) - Од она што го видовме денеска и тоа што сме на македонско тло се надеваме дека болката која денеска постои кај македонскиот народ ќе биде излечена со нашите молитви со надеж дека Господ со своето милосрдие и со својата милост ќе ги излечи раните на меѓуправославната комуникација и ќе даде можност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија во целост да влезе во братското семејство на православната црква, изјави архиепископот Јарославски и Ростовски г.Кирил на маргините на Светската религиска конференција во Охрид.
Тој по промоцијата на книгата „Света Русија-Записи за Македонија“ рече дека Русите со цела душа ќе се стремат оваа болна поделба која постои денес во православието да биде надмината и оти нивните заеднички молитви ги упатуваат на братскиот македонски народ и ќе ги вложат сите напори сесрдно да помогнат. рп/нд/13:43
Фото: Преминпортал