19 мај 2010 год, Љубанци (скопско) - манастир на св. Никола
„Благо вам ако ве засрамат. Благо вам! Зар не би требало да се трудиме што поблиску да се доближиме до блаженството? Како да бидеме блажени ако не засрамат, ако не можеме да истрпиме, ни ако за нас се каже дека сме под истрага или дека ни се суди, иако уште не сме ни осудени? Многу се оние кои се осудени, а кои не се осрамотени. “ (св. Филарет Московски)
На 19 мај 2010 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор, кога Светата Црква го слави споменот на светиот праведен и многустрадален Јов, и светиот Варвар разбојник, во манастирската црква на св.Никола во селото Љубанци (скопско), беше отслужена Божествена Литургија на која жителите од селото Љубанци и населбата Бутел молитвено му дадоа поддршка на Јохан Тарчуловски. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010