Скопје 23 мај 2910 год. - Соборен храм на св. Климент Охридски,
на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница
Денес, кога Светата Црква го празнува споменот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор, и кои со своите животи и дела ќе се вградат во телото на Црквата, на првиот ден од Светата Педесетницата, во Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот г. Горазд и свештенството од Соборниот храм, отслужи света Божествена Литургија со Вечерна.
„Создател на сите, Господе слава Тебе. Со странски јазици си ги оспособил Твоите ученици Христе, со нив да Те проповедаат Тебе, бесмртно Слово и Бог кој им дава голема милост на нашите души. “
По Архиерејската Литургуја коленоприклоно беа прочитани Василиевите молитви.
Цару Небесен ,
Утешителу,
Духу на Вистината,
Кој си насекаде
и сè исполнуваш,
ризницо на добрини,
Животодателу.
Пријди
и всели се во нас,
и очисти нè
од секаква нечистота
и спаси ги, Благи,
нашите души.
Лето Господово 2010
Соборен храм на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите - Педесетница