Виена, 24 мај 2010 год.
Во МПЦО Св. Наум Охридски, во Виена, во изминативе денови верниците ги минаа во заедничко обраќање кон Бога ,спомнувајќи ги починатите, потоа прославувајќи го празникот на слегувањето на Светиот Дух и денешниот ден на светите брака Кирил и Методиј. Голема и забележителна беше радоста кај луѓето и поради убавината на фреските кои минатата недела беа завршени.Во сите 3 дена, на Литургиите по причестувањето, следеше и пригодна беседа од отец Стојан, кој неможеше да ја сокрие радоста за купениот храм, кој тој го нарече македонско парче сред Виена. А беше соборна и радоста на сите нас, секако, бројното присуство и голема развеселеност на најмалите и најмилите срца во црквата , дечињата. Да му благодариме на милостивиот и дарежлив наш Исус Христос .
Нека е за многу години !
А.Л.