Скопје, 2 јули 2010 год.- Храмот на св.вмш. Димитриј
На 2 јули 2010 година, во Шесттата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на Светиот апостол Јуда; Преподобен Паисиј Велики; Светиот маченик Зосим, во храмот на св.вмч Димитриј, во Скопје, се ослужи Божествена Литургија. Верниот надор на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни .
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 43)
Рече Господ на Своите ученици: „Сè ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие. Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.“
Лето Господово 2010