Скопје, 20 јули 2010 год.- Храмот на св.вмш. Димитриј
На 20 јули 2010 година, во Деветтата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на Светата великомаченичка Недела и преподобен Тома Малеин, во храмот на св.вмч Димитриј, во Скопје, се ослужи Божествена Литургија. Верниот надор на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни .
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 56)
Во она време, дојде Исус во татковината Своја и го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа и велеа „Од каде при Него ваква премудрост и сили? Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не се ли вика Марија, и браќата Негови - Јаков и Јосија, Симон и Јуда? И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?“ И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.“ И не изврши таму многу чудеса заради нивното неверување.
Лето Господово 2010